Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе ви открие која сила ве води низ животот

Сите луѓе поседуваат скриена сила со огромна моќ која може да им донесе големи резултати во животот, ако се искористи. Се верува дека таа сила се состои од ѕвезден прав, од оној посебен материјал што го содржи универзумот. Зошто да не дознаете нешто повеќе за вашата посебна сила? Погледнете ја следнава слика, но не се задржувајте долго на неа. Тоа што прво ќе го забележите, ќе ви открие која сила ве води низ животот.

Тоа што прво ќе го забележите на сликата ќе ви открие која сила ве води низ животот

Ако одбравте:

МЕЧКА – Вас ве води срцето!

Доколку првото нешто што го забележавте на сликата е мечката, тогаш вашето срце ги води вашите животни битки. Мечката ги симболизира сите сили на потсвеста што никогаш не може да бидат целосно откриени. Вашата несвесна страна е многу моќна. Кога ќе ви се разбуди инспирацијата, располагате со голема енергија што може да биде креативна или деструктивна. Речиси никогаш не можете да управувате со таа енергија, а колку повеќе се обидувате да ја скротите толку поинтензивна и поопасна станува.

Со оглед на тоа што не можете да ја контролирате вашата жестока природна сила, најдобро е да ја прифатите. Научете како да се приземјите и смирите преку медитација и љубов. Кога ќе ги прифатите вашите чувства, ќе бидете способни да постигнете големи работи.

ПЛАНИНА – Вас ве водат мислите!

Ако првото нешто што ви падна во очи е планината, тогаш вие сѐ уште треба да работите на себе. Планината е симбол на патот кон височините кој е тежок и напорен. Потребно е да се вложи многу труд за да се стигне до врвот. Но, врвот на планината е многу осамено место каде што има простор само за еден човек. Длабоко во себе мислите дека никој не може да ве разбере. Но, дали тоа е вистина? Можеби не сте искрени со другите и со самите себе. Мора да го отворите вашето срце за да бидете прифатени.

Најверојатно сте ја ставиле кариерата на прво место, а вашиот приватен живот сте го ставиле на второ место, па затоа вашето срце е несреќно. Уморни сте поради сето тоа, а со секој изминат ден, вашиот умор станува сѐ поголем. Не мора да биде така. Рамнотежата е многу важна. Сѐ што ви треба е љубовта. Алхемичарите веруваат дека каменот на мудроста не е на врвот на планината, туку во срцето. Имате прекрасна душа која треба да биде ценета, не поради нејзините достигнувања, туку поради самата таа.

ДРВЈА – Вас ве води духот!

Ако првото нешто што го забележавте е шумата со дрвја, тогаш вашата несвесна страна е ориентирана кон социјалниот живот. Дрвјата во шумата комуницираат меѓусебно на начини што не можеме да ги разбереме. Нивните корени се меѓусебно поврзани, тие праќаат и примаат сигнали едни од други, се информираат за временските услови и се предупредуваат за сите опасности. Стеблата разговараат, а истото би требало да го правите и вие. Треба повеќе да се поврзете со другите. Поврзете се со земјата преку приземјувањето.

Сите сме поврзани со мајката природа. Ако ѝ обрнете внимание, таа ќе ви помогне да најдете среќа и радост. Иако сте биле повредени во минатото, не дозволувајте тоа да влијае на вас. Пронајдете повеќе пријатели, излезете, флертувајте, смејте се, плачете и уживајте во животот! Време е да ги искажете сите тие силни емоции што сте ги криеле. Колку повеќе работи доживувате толку посилни ќе станете!

МЕСЕЧИНА – Вас ве водат соништата!

Ако првото нешто што го погледнавте на сликата е малата месечина и нејзините ѕвезди, тогаш вие веројатно не припаѓате на овој свет. Вие поседувате волшебна сила допрена од страна на духови и ентитети што не припаѓаат на нашето царство. Вие сте дел од ретките луѓе кои се поврзани со невидливите сили во универзумот. Во вашите соништа честопати ве посетуваат самовили и ангели кои ви даваат совети. Овие соништа ја создаваат вашата судбина.

Обидете се да ги запишувате вашите соништа. Тоа ќе ви помогне да ја отклучите нивната моќ и подобро да се разберете себеси. Научете како да ги повикувате самовилите во вашиот живот за да станете посвесни за сопствените моќи. Но, обидете се повеќе да се поврзете и со овој свет, бидејќи тоа ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа во животот.

Ако сакате подобро да се запознаете себеси, погледнете ја и следнава слика, бидејќи тоа што прво ќе го забележите, може да предвиди колку сте добри или злобни во душата. Кликнете на сликата за да ги прочитате резултатите.

Тоа што ќе го видите прво на оваа слика може да предвиди колку сте добри или злобни во вашата душа

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар