Тест на личноста: Дали на цртежов гледате јајце или компир?

Психолошките тестови базирани на цртежи се многу интересен и уникатен начин да добиете увид во скриени делови од вашата психа. Понекогаш дури можете и да откриете размислувања и способности што воопшто не сте ни знаеле дека ги имате. Овој тест е еден од тие. Сè што треба да направите е да одговорите дали на прв поглед сте си замислиле јајце или компир кога ја видовте оваа слика…

Сте виделе компир?

Луѓето што на оваа слика гледаат компир се поконзервативни. Тие се склони на избегнување конфликти и живеат помирен живот. Цврсто се држат до моралните и законските рамки на заедницата во која живеат. Тие се добри водачи, но не се визионери. Не мечтаат премногу, играат на сигурно и не сакаат да се препуштаат на фантазиите. Исто така, секогаш имаат план Б. И план В.

Накратко, тие се стабилни и рационални реалисти.

Сте виделе јајце?

Луѓето што на оваа слика гледаат јајца се големи авантуристи. Тие се склони на преземање ризици и понекогаш се однесуваат многу непромислено. Многу веројатно ги поддржуваат идеите за легализација на марихуаната и истополовите бракови и секогаш се подготвени да им помогнат на оние што се во неволја. Не им смета ни што ова јајце не е со правилен облик, бидејќи со нивната фантазија го надополнуваат тоа што недостасува во реалноста. Тие исто така се и визионери, мистици, уметници…

На кратко, тие се непредвидливи и емотивни идеалисти.

Направете го и овој Тибетски тест на личноста, но пред да го решите замислете желба!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар