Тајната на живописните есенски зајдисонца

Сигурно сте забележале дека кога ќе дојде крајот на летото и почетокот на есента боите кои го облеваат небото додека сонцето заоѓа се поубави од кога било. Тоа одеднаш станува повеќе портокалово, црвено и розово, и се рефлектира на околината под него креирајќи фантастичен амбиент. Причината за тоа лежи во кратката бранова должина на сината боја, која е доминантна на небото, и во есенскиот воздух. Бројните честички во воздухот лесно го растураат синото светло и го спречуваат да стигне до окото. За разлика од него, живите бои на изгрејсонцето и зајдисонцето имаат поголема бранова должина, немаат толкави тешкотии да се пробијат низ есенскиот воздух и затоа се понагласени на небото.

Благодарение на оваа појава можеме да уживаме во оваа живописна галерија од есенски зајдисонца.

Тајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонцаТајната на живописните есенски зајдисонца

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар