Според психолозите, паровите кои ги прават овие работи се посреќни

Малите одлуки во врска со вашиот брак може многу да влијаат на вашата среќа. Истражувањата од психолози и експерти покажале дека постојат неколку работи кои ги прават само среќните парови. Иако резултатите изгледаат очигледни, интересно е да се погледне кои фактори се клучни за среќен брак според науката.

spored-ekspretite-parovite-koi-gi-pravat-ovie-raboti-se-posrekjni-kafepauza.mk

1. Смеење

Ако вие и вашиот партнер многу се смеете заедно, тоа е одлично за вас. Истражувањето покажало дека паровите кои заедно се смеат се многу поблиски.

„Со неколку зборови, паровите кои почесто се смеат заедно имаат поквалитетни врски“, изјавила Лора Курц, социјален психолог кој работел на истражувањето.

Ова истражување вклучувало 77 парови кои ги снимале додека ја раскажувале приказната за тоа како се запознале. Истражувањето завршило со анкета за блискост и компатибилност на партнерите. Истражувачите го анализирале видеото на секој пар и го забележувале количеството на смеење. Оние кои се смееле повеќе имале повисоки поени на анкетата за блискост. Истражувачите исто така забележале дека жените се смееле почесто, но смеата на мажите била „позаразна“.

2. Случајни добри дела

Според едно истражување, малите добри дела кон вашиот партнер може да го подобрат квалитетот на вашиот брак. Во истражувањето учествувале 175 парови кои во просек биле 7 месеци во брак. Истражувањето траело две недели во кои испитаниците ги забележувале моментите кога правеле добри дела за потребите на партнерот, притоа опишувајќи ги секојдневните емоции. Иако резултатите се очигледни, истражувачите дошле и до друг интересен заклучок: Партнерите кои ги правеле добрите дела имале 45% повеќе емоционални придобивки од оние кои ја „примале“ добрината.

3. Интимност

Едно истражување покажало дека паровите кои имаат секс еднаш неделно се посреќни од паровите кои имаат секс поретко. Интересно е што паровите кои имале секс секој ден не биле посреќни од оние кои имале секс еднаш неделно.

„Нашите резултати покажаа дека е важно да се одржува интимната врска со партнерот, но нема потреба секојдневно да имате секс за да го постигнете тоа.“

4. Состаноци

Откако истражувале повеќе од 500 луѓе на возраст од 18 до 92 години, истражувачите откриле дека редовните романтични состаноци го подобруваат квалитетот на врската. Причината за ова е тоа што состанокот ја одржува свежината на врската иако таа трае неколку години. Исто така се покажало дека паровите кои постојано пробуваат нови работи се посреќни.

„Вашиот идентитет како партнери и сопружници може да се изгуби во секојдневните обврски. Заборавате на работите како разговор, флертување… па овие состаноци се клучни за успехот бидејќи ви дозволуваат да се фокусирате на врската како возрасни личности.“

Иако овие научни совети звучат едноставно и нормално, многу парови забораваат на нив. Со овие лесни и забавни совети вашата врска ќе стане посилна за многу кратко време.

Прочитајте ги и овие правила за успешен и среќен брак.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар