Смешни изјави за работата за одличен почеток на оваа недела

Работата зазема значаен дел во човековиот живот. Таа е неопходна со цел да се заработи и да се обезбедат услови за пристојно живеење. Но, повеќето ќе се согласат со тоа дека не секогаш одат на работа исполнети со енергија и со многу ентузијазам… Па, така, за внесување малку свежина и забава во секојдневието, следуваат неколку смешни изјави кои гарантираат расположен понеделнички ден.

Смешни изјави за работата за одличен почеток на оваа недела

„Во љубовна врска сум со работата и нештата меѓу нас се комплицирани.“

„Мора да признаете дека понеделниците не се толку лоши. Најверојатно вашата работа не чини.“

„Сега разбирате зошто Петар Пан не сакал да порасне.“

„Потребен ми е одмор од 6 месеци. 2 пати во годината.“

„Понекогаш ги запишувам задачите кои веќе ги имам направено, само за да го доживеам одново задоволството додека ги шкртнувам.“

„Работете сѐ додека сметката во банка не ви стане како телефонски број.“

„Тимската работа е важна: Таа помага да се префрли вината на некој друг.“

„Не работите – нема пари за живеење, работите – нема време за живеење.“

„Животот е страшен, но барем платата е смешна.“

„Не е важно колку работиш, секогаш ќе постои некој идиот кој работи помалку, но заработува повеќе.“

Смешни изјави за работата за одличен почеток на оваа недела

„Платата е како менструација – ја чекате цел месец, а завршува за една недела.“

„Работам за да купам автомобил за да одам на работа.“

„Мрзливост е кога личноста не се преправа дека работи.“

„Доброто спиење не само што ви го продолжува животот, туку и го прави работниот ден пократок.“

„Ако сте работеле и не сте добиле ништо, тоа значи дека некој друг го зел тоа.“

„Повеќе луѓе сонуваат да не работат и да имаат пари. За време на економската криза, 50% од тие соништа се остварија.“

„Не велете дека работите. Подобро покажете што сте заработиле.“

„Ми треба одмор, а не еден глупав викенд.“

„Луѓето кои работат за време на викенди мразат кога им зборувате колку сте среќни кога доаѓа петок.“

„Работата е за оние кои не знаат што е риболов!“

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар