Што значат чкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Различните чкртаници кои несвесно ги цртаме додека сме на состанок или додека зборуваме на телефон можат да откријат многу за нашата личност и мотивите кои се кријат зад нашите постапки. Кога чкртаме по листот, пенкалото е водено од нашата потсвест, која ги крие нашите мисли и тајни и презема контрола врз нашето однесување. Прочитајте кое е вистинското значење на тие цртежи кои секојдневно ги цртаме насекаде.

Што значат шкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Фигури на луѓе

Ако цртате мали луѓе, веројатно се чувствувате несигурно и беспомошно или се обидувате да избегате од вашите одговорности. Цртањето обични човечки фигури со линии, значи дека сте емоционално нестабилни и чувствувате потреба да се изолирате себеси од другите луѓе.

Очи

Цртежите на очи ја претставуваат внатрешната состојба на личноста која ги црта. Големите очи укажуваат на екстровертна личност, очите кои зјапаат искажуваат чувство дека некој ве набљудува, а затворените очи се знак за одбивање да погледнете длабоко во себе.

Вашиот потпис

Чкртаниците од вашиот потпис се егоцентрични и арогантни. Чкртањето на вашиот потпис често, без размислување, во текот на некој разговор или додека се обидувате да решите некој проблем, го открива вашиот егоцентричен карактер.

Прстени и кругови

Кружните форми, кои се пресекуваат меѓусебно, ја претставуваат вашата потреба да најдете единство. „Се чувствувам отфрлен од овој свет“ е пораката која ја пренесуваат овие чкртаници. Ако несвесно цртате кругови, ова веројатно значи дека имате потреба од пријател и внимание.

Животни

Видот на животното кое го цртате зборува многу за вашите моментални емоции. Тигар или волк го открива скриениот, потиснат гнев. Ако се работи за лисица, веројатно сакате да направите нешто подло. Ако цртате верверици, тоа значи дека имате потреба од грижа и заштита. Лавови вообичаено цртаат луѓе кои се чувствуваат супериорно во однос на другите. Ако постојано цртате исто животно, тоа значи дека се споредувате несвесно со него и се обидувате да го имитирате неговиот карактер.

Што значат шкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Спирални, кружни форми и бранови

Воопшто не ви е грижа за проблемите на другите луѓе. Веројатно доживувате некаква емоционална криза и премногу се грижите за нештата во вашиот круг на делување. Треба да го контролирате вашето однесување и да ги избегнувате испадите на гнев кон другите.

Квадрати, дијаманти и останати геометриски фигури

Имате јасно дефинирани цели и верувања и ретко го чувате вашето мислење само за себе. Вие сте тврдоглава и настојчива личност. Вообичаено сте премногу претпазливи и внимателни.

Стрелки

Стрелките симболизираат вектор, односно вашиот правец во животот. Ако стрелките покажуваат нагоре, вие сте личност која ги сака луѓето, ако покажуваат надолу вие сте фокусирани на себе. Ако стрелките се насочени налево тогаш сте заглавени во минатото, а ако покажуваат кон десно тогаш гледате во иднината.

Ѕвезди

Сакате да бидете во центарот на вниманието. Кога влегувате во некоја соба, сакате сите да гледаат во вас и да ги вртат главите каде и да одите, но ако ѕвездите кои ги цртате имаат многу краци, тоа може да биде знак дека страдате од депресија.

Цвеќиња, сонце, облаци

Цртањето убави цвеќиња и сонце додека зборувате на телефон значи дека сте задоволни како се одвиваат нештата во моментот и веројатно фантазирате за убавите нешта кои ве очекуваат во иднина. Овие цртежи го откриваат вашиот позитивен став и фактот дека сте во добро расположение.

Што значат шкртаниците кои несвесно ги цртаме?

Крстови

Ова значи дека се чувствувате виновно или се обвинувате себеси за некоја грешка.

Мали куќи и кутии

Симетричните форми ја откриваат вашата љубов кон редот и вашата потреба од добро смислени планови и пресметани нешта. Знаете точно што сакате, вашите животни цели се дефинирани и не се откажувате од нив без разлика на сѐ.

Испреплетени дезени

Ваш приоритет број еден е да ги задржите мирот и хармонијата во вашиот живот, а исто така сакате да го средите вашиот живот и да формирате семејство.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар