11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Филмот е фасцинантна уметност која создава магични илузии за реалноста. Филмските режисери често сакаат и знаат да вклучат скриени пораки во своите филмови, кои укажуваат на незаборавни моменти и ликови од други филмови, книги или феномени. Погледнете ги најдобрите тајни индикатори и смешни пораки во популарните филмови. Ќе се изненадите колку скриени значења сте пропуштиле во некои од вашите омилени филмови, цртани филмови и ТВ серии.

1. Крадците на изгубениот ковчег (Raiders of the Lost Ark)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

R2-D2 и C-3PO, роботите од оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“, можат да бидат забележани помеѓу египетските хиероглифи на ѕидовите од античкиот храм.

2. Симпсонови (The Simpsons)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Во светот на Симпсонови, сите карактери имаат 4 прсти на секоја рака. Но, Господ и Исус Христос се единствените карактери со по пет прсти.

3. Боречки клуб (Fight Club)

(8)-11-skrieni-poraki-vo-filmovite-koi-nikogash-ne-ste-gi-zabelezhale-kafepauza.mk

Чашата за кафе од Старбакс се појавува во најголемиот дел од сцените во филмот.

4. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Стенли Кјубрик го поставил бројот „2001“ на долната полица во продавницата за грамофонски плочи, како референца за неговиот филм „2001: Вселенска одисеја“.

5. Аладин (Aladdin)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Ако внимателно го гледате филмот, ќе забележите дека тигарот на Јасмин, кој го носи името Раџа, за момент има уши како Мики Маус, во сцената кога се ослободува од клетвата на Џафар.

6. На лош пат (Breaking Bad)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

На почетокот на серијата Волт ги соблекува пантолоните и ја подготвува првата смеса за метамфетамин во пустината. Кон крајот на серијата, тој се враќа во пустината и неговите пантолони сѐ уште се таму. Тие можат да се видат во долниот лев агол од екранот.

7. Брзи и бесни 5 (Fast Five)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Целосното име на Хан е Хан Сол-О (Han Seoul-Oh), и звучи многу слично како еден од главните карактери во франшизата „Војна на ѕвездите“.

8. Ѕвездени патеки (Star Trek)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Роботот од „Војна на ѕвездите“ исто така се појавува и во филмот „Ѕвездени патеки“.

9. Трон (Tron)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Филмот „Трон“ е во продукција на Студиото Волт Дизни. Веројатно тоа е причината што во него има сцена, кога во позадината може да ја забележите главата на Мики Маус.

10. Матрикс 2 (The Matrix Reloaded)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Повеќето регистарски таблички во овој филм укажуваат на стихови од Библијата, вклучувајќи ја и регистрацијата на автомобилот на Тринити и Морфиус, која гласи „DA203“, што одговара на стиховите Даниел 2:03: „Јас имам сон кој ме измачува и сакам да знам што значи.“

11. Футурама (Futurama)

11 скриени пораки во филмовите кои никогаш не сте ги забележале

Во телевизиското шоу „Футурама“ има сцена кога може да ја видиме главата од Ерик Картман, карактер од уште една популарна анимирана серија „Саут Парк“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар