Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

Св. Валентин е ден на вљубените, но, тоа не значи дека сите сакаат да го празнуваат. Како и да е, и кај нас се повеќе се практикува неговото одбележување, па ред е да видиме какви се размислувањата на таа тема. AskМen во партнерство со TresSugar испитаа илјадници мажи и жени за да дознаат кој пол повеќе сака да го празнува овој ден, на кој начин, кои се очекувањата итн. Некои резултати се очекувани, но има и изненадувања.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • 50% од жените мислат дека овој ден е романтичен, а 61% од мажите веруваат дека е комерцијална завера.
  • И мажите и жените се согласуваат дека испраќањето цвеќе на работното место на партнерот покажува внимание. Не се согласуваат баш во врска со црвените рози. 53% од жените мислат дека тие се клише, додека 60% од мажите ги сметаат за класика.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • Изненадувачки е што повеќе жени би сакале да ја поминат вечерта во домашна атмосфера (40%), одошто да бидат изнесени во град (30%), додека кај мажите е обратно. Дополнително, 7% од жените би си поминале совршена вечер за св. Валентин во друштво на пријателките, додека мажите не се баш за оваа варијанта (3%).
  • На прашањето: Дали некој ви изјавил љубов на Денот на вљубените, 20% од жените одговориле потврдно, наспроти 17% од мажите кои го делат ваквото искуство.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • Мажите мислат дека треба да потрошат повеќе пари на подарок од жените.
  • И двата пола сакаат акција на 14 февруари, до душа мажите малку повеќе од жените (73 наспроти 68 проценти).
  • Кога жените би можеле да избираат со која славна личност да ја поминат вечерта на Денот на вљубените, тоа би бил Рајан Рејнолдс, зад кого се редат Џорџ Клуни, Џони Деп, Рајан Гослинг, и Џејмс Франко. Мажите пак сонуваат за Мила Кунис, но многу од нив би ја избрале и Џесика Алба, Натали Портман, Меган Фокс и Кристина Хендрикс.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • Кој пол како го доживува Денот на вљубените?

    • романтично: 24% од мажите, 25% од жените
    • лигаво: 54% од мажите, 48% од жените
    • им се лоши на 20% од мажите и на 26% од жените
  • Купувањето подароци не е неопходно за скоро половина од мажите, тие сакаат само секс, а 20% не сакаат ништо. Жените, пак, најмногу сакаат романтична вечера (25%), 14% картичка со посвета, исто толку сакаат секс, на 12% доволно им е цвеќе, а 13% не сакаат ништо. Сепак жените се поромантични.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • Колку се трудат да бидат романтични луѓето во врска? – Разликата помеѓу мажите и жените не е голема, но најголем е процентот на оние кои се обидуваат да покажат романтичност, барем еднаш неделно.
  • Повеќе мажи имале секс за една вечер, токму на Денот на вљубените (12%) во однос на жените (2%), или барем се поискрени на оваа тема. Многу повеќе мажи, исто така очекуваат секс-авантура за овој св. Валентин одошто жени.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • И мажите и жените сметаат дека паровите треба заеднички да прават планови (57% жени, 46% мажи), но доста веруваат и дека мажите се оние кои треба да планираат (35% мажи, 30% жени).
  • Жените се повеќе склони да ја поминат оваа вечер со своите пријателки (50% од испитаните жени го направиле ова), во однос на 25% од мажите кои би се дружеле со другарите за св. Валентин. Мажите во поголем број случаи не би се ни сложиле да ја прослават вечерта со пријатели, (доколку немаат романтична средба, подобро не би правеле ништо), за разлика од жените меѓу кој на малкумина не би им одговарало друштвото на нивните пријателки.

Што мислат мажите, а што жените за св. Валентин?

  • Мажите треба да честат за денот на вљубените. Барем така веруваат 70% од жените. Но, тоа е во ред, бидејќи дури на 80% од мажите, тоа им е сосема ОК.

Што мислите вие?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Еленна Reply

    Што се крева волкава фама за Валентајн кога е католички празник?
    На страна што православни го слават и атеисти се потресуваат…
    глупости.

  2. драгица Reply

    za nas pravoslavnite e sv tripun

  3. Анита Reply

    Јас како што гледам во Франција не обраќаат толку многу внимание на Св. Валентин отколку кај нас во Македонија.

Остави коментар