Селфињата со подбрадок им ставаат крај на совршените фотографии на социјалните мрежи

Изминативе неколку години, селфи фотографиите доминираа на социјалните мрежи. Фотографиите на Снепчет, Фејсбук и особено Инстаграм се направени со цел да изгледаат „убаво“, а целото објавување фотографии се претвори во натпревар. Сега постојат безброј апликации кои контурираат, филтрираат и измазнуваат правејќи ги нашите лица непрепознатливи дури и за нас. Токму поради ова селфињата со подбрадок се вистинско освежување на Инстаграм.

(7)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Конечно можеме да уживаме во нешто забавно и многу поприродно на социјалните мрежи. Правилото е многу едноставно – направете селфи со што е можно повеќе подбрадоци. Добивате плус поени ако имате убава позадина на фотографијата. Но најважното правило е – што повеќе подбрадоци, толку подобро.

(1)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Трендот го започнала Мишел Лиу, жена која го посветила својот Инстаграм профил на усовршување на овие фотографии. Можете да ја пронајдете како Chinventures, и речиси сигурно ќе сакате да ви биде најдобра пријателка.

Таа го отворила својот профил во септември, 2016 година. За само една година добила над 8.500 следбеници и тоа со само 75 фотографии. А секоја фотографија е подобра од претходната. Во едно интервју Мишел објаснила како нејзината страст за селфињата со подбрадок се прославила и се претворила во вистинско хоби.

„Мојата гримаса им се допаѓаше на сите пријатели во основно, средно и на факултет, па решив да го споделам подбрадокот и останатиот свет. Луѓето ме забележуваат кога ја правам гримасата. Некои се шокирани, некои збунети, но обично сите се забавуваат.“

(3)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Нејзиниот тренд можеби бил забавен за нејзините пријатели, но таа сега го забавува целиот свет. Полека станува и многу познат турист. Жените низ целиот свет веќе почнале да ги прифаќаат овие фотографии. Секое селфи со подбрадок е прекрасно на свој начин, но најважно од сè е што сите девојки на фотографиите се забавуваат. До денес постојат речиси 8.000 фотографии со хаштагот #chinning.

(4)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

„Правилниот“ начин да направите ваква фотографија е да изгледате многу сериозно, да го „соберете“ лицето и да ја направите фотографијата од повисок агол. И иако нема ништо лошо во тоа да се сакате себеси и да го покажувате вашиот изглед, има нешто навистина тешко во тоа да се обидете да го вметнете вашето лице во „совршениот“ калап. На многумина им стана вистинска обврска да работат на своите селфи фотографии, да се фотографираат многу пати за да го најдат совршениот агол и да го пронајдат совршениот опис за најдобрата фотографија. Сето ова само за неколку лајкови.

(5)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Со години е очигледно какви се проблематичните селфиња и другите конвенционални стандарди за убавина на социјалните мрежи. На пример, сè повеќе и повеќе млади лица се соочуваат со злоупотреба на Инстаграм токму поради ова. Исто така, едно истражување покажало дека младите поминуваат повеќе од 1 час неделно правејќи селфи фотографии. Кога ова ќе го земете предвид, ќе сфатите зошто е важно да постојат личности како Мишел Лиу на социјалните мрежи. Таа нè потсетува дека социјалните мрежи се она што ние ги правиме да бидат, дека постојат повеќе од еден начин да направите убава фотографија, и дека фотографијата е токму тоа – фотографија. Ни повеќе, ни помалку.

(6)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

На крај, социјалните мрежи се најдобри кога ги употребуваме за комуникација, поддршка и ценење на сè што прави да се чувствуваме убави и неверојатни. Па девојки, дали би ги замениле „обичните“ фотографии со овие?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар