Секојдневни проблеми со кои се соочуват само жените со долги нокти

Жените кои имаат долги нокти наидуваат на многу проблеми дури и при извршување на наједноставните работи. Дури и најрутинските задачи може да претставуваат потешкотии кога се долгите нокти во прашање. Сите ние ќе се согласиме дека тие се атрактивни за око и секогаш привлекуваат внимание, особено доколку се декорирани со некој занимлив маникир. Но, од друга страна, без сомнение го отежнуваат извршувањето на секојдневните ситници. Па кои се проблемите што можат да ги сфатат само жените со долги нокти?

1-dali-ste-pomegju-niv-problemi-koi-gi-imaat-samo-zhenite-so-dolgi-nokti-www.kafepauza.mk_

1. Закопчување на бразлетната

Тоа изгледа едноставно невозможно. Закопчување на бразлетната со долги нокти е невозможна мисија, иако изгледа како сосема банална работа.

2. Ставање мали обетки на ушите

Нема шанси! Онаа мала завртка со која се закопчуваат обетките максимално ја отежнуваат работата.

2-dali-ste-pomegju-niv-problemi-koi-gi-imaat-samo-zhenite-so-dolgi-nokti-www.kafepauza.mk_

3. Нечујно пишување пораки или користење телефон со екран на допир

Ноктите секогаш, ама баш секогаш ќе тропкаат по телефонот, и сите околу вас ќе може да слушнат дека баш во тој момент испраќате некому порака. Користењето на телефон со екран на допир е толку отежнато, што едноставно посакувате да се вратите со години наназад и да користите телефон кој има копчиња.

4. Извлекување на кредитната картичка од банкоматот

Во текот на овие активности често ви е потребна помош. Морате да се извежбате за банкоматот на крај да не ви ја „изеде“ картичката.

5. Користење на шминка која се нанесува со прсти

Половина од шминката завршува под нокотот, а остатокот не е добро размачкан. Исто така, постои и голема шанса да се изгребете по лицето. Катастрофа.

3-dali-ste-pomegju-niv-problemi-koi-gi-imaat-samo-zhenite-so-dolgi-nokti-www.kafepauza.mk_

6. Закопчување кошула

На прв поглед делува како нешто исклучително лесно, но во овој случај е сосема спротивно. Ќе започнете да преферирате облека без копчиња.

7. Отворање конзерва

Отворањето конзерва ја зголемува шансата да ви пукне нокотот, па затоа и секоја жена со долги нокти се надева дека кога ќе дојде до тоа, ќе има во близина некој џентлмен да ја отвори конзервата наместо неа.

8. Ставање леќи

Ова е дефинитивно најлошо од сите претходно наведени работи. Очите се исклучително чувствителни и многу нежно се однесуваме кон нив, но кога ќе се најдеме во ваква ситуација, започнува да ни се плаче од мака. А ни тоа не е опција, бидејќи никој не сака да види размачкана маскара.

4-dali-ste-pomegju-niv-problemi-koi-gi-imaat-samo-zhenite-so-dolgi-nokti-www.kafepauza.mk_

9. Зголемена можност за повреди под тушот, додека се облекувате или соблекувате

Шансите да се изгребете додека се туширате или облекувате растат паралелно со должината на ноктите. Па, дури и бришењето после туширањето е прилично ризично кога станува збор за долги нокти.

10. Извршување на која било работа на компјутер

Со долгите нокти и куцањето на тастатурата е отежнато, особено ако се занимавате со работа која бара доста време да минувате врзани за компјутерот. Многу е можно дека ќе куцате побавно од вообичаено.

11. Внимателно со мажите

Мажите се прилично чувствителни кога станува збор за одредени делови од нивното тело, па бидете внимателни ако имате долги нокти.

Митовите за убавина се едни од најлошите митови, а ова се митови за ноктите во кои треба да престанете да верувате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар