Работа од соништата: Неверојатни гестови од шефовите кон вработените

Повеќето менаџери сметаат дека заработката е многу поважна од вработените. Сепак, оние кои размислуваат така не знаат една тајна – успехот на компанијата зависи од среќата на вработените. Погледнете некои компании кои најверојатно се најубавото место за работење.

1. Одмор на Малдивите

(1)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Чатри Ситјотонг, основачот на компанијата Evolve, одлучил да ја покаже својата благодарност кон неговите вработени кои ја зголемувале заработката за 30% секоја година. По тој повод, организирал одмор за нив на Малдивите. И тоа не само еднаш! Тој редовно им подготвувал вакви изненадувања и порано и притоа никогаш не им ја кажувал локацијата.

2. Една недела одмор ако вдомите куче

(2)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Секогаш кога ќе го зголемите вашето семејство, без разлика дали со мало кутре или со возрасно куче, тој момент е емоционален и потребно е време за да се прилагодите. Порано, сите вработени во шкотската пивара BrewDog имале дозвола да ги носат своите миленици на работа. Но сега, тие добиваат и платен одмор ако вдомат куче.

3. Поделба на заработката со вработените

(3)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Ден Прајс, основачот на Gravity Payments, им се заблагодарил на вработените така што ја поделил неговата лична заработка со нив и им ги зголемил платите на сите на 70.000 долари годишно. Но, и тие направиле нешто за него. Бидејќи и неговата плата станала иста како нивната и тој не можел да си го дозволи електричниот автомобил за кој сонувал, вработените собирале пари 6 месеци и му ја исполниле желбата.

4. Апартмани и автомобили за сите вработени

(4)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk.jpg

Hare Krishna Exports е огромна индиска корпорација со стотици вработени. Сопственикот на фирмата им доделил 1.260 автомобили и 400 апартмани на најдобрите работници. Планира за 5 години да им го овозможи тоа на сите вработени.

5. Една година одмор на секои 7 години

(5)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk.jpg

Стефан Сегмајстер, познат графички дизајнер и сопственик на Sagmeister & Walsh, смета дека ако немате толку долг одмор, не можете да бидете добар уметник. За да го докаже ова, кога тој го имал првиот ваков одмор, не само што го пропатувал светот туку и добил многу нови идеи. Па, затоа сега вработените во неговата фирма добиваат одмор кој трае една година, на секои 7 години.

6. Канцеларија со топчиња

(6)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Секој добар шеф сака да ја направи работната околина што е можно поудобна. Сопственичката на Invasion of Manchester, Ли Мекатер, отишла еден чекор подалеку. Таа ја наполнила канцеларијата со 250.000 топчиња и им овозможила среќа и добро расположение на своите вработени кои тие ќе го паметат цел живот.

7. Слободен ден ако раскинете со момчето

(7)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Компанијата Hime & Co ги разбира љубовните проблеми, па 20-годишните девојки имаат 1 ден за плачење, постарите од 25 години добиваат 2 дена, а жените над 30 години по 3 дена за преболување на партнерот. Тие сметаат дека колку е постара жената толку ѝ е потешко раскинувањето.

8. Луксузен ручек и чоколадо

(8)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Основачите на Asana сметаат дека добриот ручек не само што ќе ја зголеми продуктивноста, туку и ќе ги направи вработените посреќни. Тие најмиле првокласен готвач кој секој ден подготвува прекрасни оброци, а во канцелариите постојано има и чоколадо.

9. Автомобил за готвачот кој доцни

(9)neverojatni-gestovi-od-shefovite-kon-vrabotenite-kafepauza.mk

Неколку години по ред Вероника Солис му докажувала на Алекс Риос дека е најдобриот готвач кој ќе го најде. Оваа жена која победила и битка со рак била инспирација за Алекс. Но, еден ден таа му се јавила и во солзи му кажала дека не може повеќе да работи кај него бидејќи има проблем со јавниот превоз, со што му го ставила бизнисот во ризик. Наместо да ѝ даде отказ, Алекс се одлучил да ѝ купи автомобил. Како што кажал и самиот:

„Не можеме секој ден да даваме вакви подароци. Но кога можеме, зошто да не го направиме тоа?“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар