9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Постои причина зошто авторите на класичната литература вложуваат толку многу внимание во движењата на веѓите и на трепките на ликовите. Современите истражувачи докажаа дека невербално се пренесуваат и до 93% од информациите. Патем, невербалната комуникација не се само вашето тело и мимиките, туку и мирисите и предметите со кои сте опкружени. Во продолжение, погледнете ги овие 9 необични трикови што ќе ви помогнат да влијате врз другите луѓе.

1. За да освоите некого, проверете ја бојата на очите на личноста

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Ова ќе ви помогне да воспоставите добра врска со личностa што не ја познавате. Времето што ви е потребно за да ја видите бојата на нејзините очи е точно времето што ви треба за да остварите добар контакт со очите. Според психолозите, тоа треба да трае од 3 до 5 секунди. Ако воопшто не гледате во нејзините очи или гледате повеќе од 9 секунди, личноста може да се чувствува непријатно.

Исто така, насмејте се со очите додека гледате во носот на другата личност. Ова е центарот на областа за социјален контакт. Ако гледате пониско од носот, може да изгледа како да сакате да упаднете во нејзиниот личен простор, а ако гледате повисоко – како обид за вршење притисок.

2. Не започнувајте разговор со новата личност веднаш – дајте ѝ малку време

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Откако ќе воспоставите контакт со очите, не започнувајте го разговорот веднаш. Одвојте неколку секунди за да го обесите палтото, да ја отворите чантата, да го преместите столот. Ова ќе ѝ даде на личноста уште неколку дополнителни секунди за да го дознае каков прв впечаток оставила кај вас. За време на разговорот, личноста нема да го изгуби фокусот додека забележува нови работи кај вас затоа што веќе имала доволно време да ве погледне добро.

3. Допирањето на дршката на чашата може да укажува на привлечност

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Психолошките експерименти покажуваат дека допирањето на цилиндричните предмети изгледа како знак на привлечност. Ако девојката сака да му покаже на некое момче дека е заинтересирана за него, треба само да ја допре дршката на чашата. Истото ќе функционира со пенкало или со прстен.

4. Насочување на стапалото кон некого помага да се намали социјалната дистанца

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Ако нозете ви се прекрстени додека седите, насочете го стапалото кон личноста за којашто сте заинтересирани. Овој гест ја намалува социјалната дистанца затоа што изгледа како обид за приближување. Оваа позиција не го нарушува личниот простор на другите луѓе, па може да се користи дури и во деловни средини.

5. Гестикулацијата за „ОК“ ќе ви помогне да покажете авторитет без да бидете агресивни

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Ако треба да го привлечете вниманието на публиката, но не сакате да бидете премногу нападни, еве еден мал трик. Замислете дека држите игла помеѓу палецот и показалецот како да правите гестикулација за „ОК“. За време на разговорот, обидете се да им ја покажете иглата на другите луѓе. На овој начин, гестот ќе изгледа природно, но, исто така, ќе го свртите вниманието на луѓето кон важните точки.

6. Ако ви е здодевно, користете ги рацете за да го покажете тоа

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Ако не сте заинтересирани за разговорот, но не сакате да бидете неучтиви, користете го говорот на телото за да ѝ покажете на личноста со којашто зборувате. Допрете го образот – ова ќе ѝ покаже дека не сте многу заинтересирани. Ако личноста не сфати дека ви е здодевно, ставете ја главата на вашата дланка. Ако и тоа не помогне, ставете ја главата на тупаница. Се разбира, ова не е многу учтиво, но ни другата личност не е учтива ако сè уште не сфатила дека ви е досадно.

7. Ако некој ви кажува непријатни работи, гледајте во неговото чело

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

За да избегнете разговор со токсична личност која сака да ви каже дека вашата нова фризура не изгледа добро, едноставно гледајте во нејзиното чело. Овој поглед покажува моќ. Дури и ако не се чувствувате самоуверено, овој едноставен трик ќе ви помогне да покажете моќ.

8. За да направите пауза за време на разговорот, направете механички гест

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Ако треба да донесете одлука, но ви треба малку време за да размислите, започнете со чистење на очилата. Овој гест изгледа механички и личноста најверојатно ќе мисли дека размислувате за одговорот и ќе чека трпеливо. Ако не носите очила, каков било друг обичен гест ќе ви помогне во тоа. На пример, можете да го проверите копчето на кошулата или на обетката.

9. Стојте на левата страна ако сакате да бидете лидер

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да бидете во предност во секоја ситуација

Научниците го откриле овој интересен феномен кога ги анализирале кампањите на кандидатите за претседател. Забележале дека кандидатите кои биле на левата страна од фотографот (така завршиле на десната страна на фотографијата), оставиле посилен впечаток кај гледачите. Сепак, ова правило важи само кога сите други работи се еднакви. Ако некој доминира благодарение на својата поставеност на телото или на харизмата, позицијата во однос на фотографот нема да помогне.

Погледнете ги овие 15 психолошки трикови што може да ви помогнат да ги избегнете незгодните ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар