Еден ФБИ агент открива: Вака може да го „прочитате“ секој човек за 5 минути!

Истражувањата покажуваат дека во рок од 5 минути од запознавањето, можеме да добиеме впечаток за некоја личност. Затоа се потребни некои вештини, а еден поранешен агент на ФБИ ги споделува со нас.

Еден ФБИ агент открива: Вака може да го „прочитате“ секој човек за 5 минути!

Околу 55% ​​од личните информации се откриваат преку говорот на телото, затоа внимателно набљудувајте ги невербалните сигнали што личноста ви ги испраќа.

Некои луѓе имаат изразен гест за време на разговорот, додека други се мирни. Еве како да ги сфатите правилно. Лара Кеј, која 23 години работела како агент на ФБИ вели дека секогаш има сигнали што ги пренесуваат намерите на луѓето, само треба да ги толкувате правилно.

Обратете внимание на ова и ќе знаете што мисли вашиот соговорник:

Рацете кријат многу информации

Мозокот е многу посилно поврзан со рацете отколку со другите делови од телото. Тие се користат за изразување емоции, мисли и чувства.

Еве како да ги толкувате движењата на рацете:

  • Преклопувањето на рацете (во позиција како за време на молитва) покажува цврста верба во она што го говори.
  • Затегнатите тупаници укажуваат на стрес или анксиозност.
  • Тапкање со еден прст во некој предмет е знак на самодоверба и несвесен начин на ослободување од стресот.

Позиција на нозете

Луѓето имаат тенденција потсвесно да ги мрдаат нозете ако некој или нешто ги оддалечи од зоната на удобност.

Агентката вели дека некогаш ѝ се случило да испитува човек за кој постоел сомнеж дека е поврзан со шпион во друга земја. На почетокот неговите одговори биле јасни, а телото било опуштено. Но, штом станало збор за „жешката тема“, малку ги свиткал нозете и телото. Тоа не значело дека тој лаже, но со тоа агентката сфатила дека лицето е нервозно.

Еве што вели позицијата на нозете:

  • Мрдањето со ногата во седечка положба укажува на тоа дека лицето не е мирно или е загрижено за она што го зборува соговорникот. Ова покажува дека му биле поставени незгодни прашања.
  • Прекрстените нозе се еднакви на стискање на усните и се јасен знак за воздржување од негативни емоции или борба против неизвесност и страв.
  • Мал чекор напред е знак дека лицето сака да го заврши разговорот и да ја напушти просторијата што е можно поскоро.

Обрнете внимание на изразот на лицето

Микро изразите можат да кажат многу за некоја личност, но може да доведат и до погрешни заклучоци. Агентката вели дека никогаш не се потпирала премногу на изразите на лицето, па затоа се фокусирала на овие гестови:

  • Кај децата, неискреноста се манифестира со покривање на устата со рака. Кај возрасните, оваа рака го допира носот, што исто така може да укаже на претпазливост при изборот на зборови.
  • Подигањето на веѓите означува возбудлива средба или присуство на позитивна емоција што не може да се контролира.
  • Кимањето со главата е знак дека на соговорникот му е удобно во ваше друштво.
  • Триење на рацете, допирањето на лицето и вкстувањето на рацете – индивидуално не значат ништо, но ако се комбинираат тие јасно укажуваат на измама.

Можеби сакате да дознаете и благодарение на љубезните гестови на непознати луѓе може да се чувствувате повеќе сакано отколку во романтична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар