6 хороскопски знаци кои се најемпатични и чувствуваат сè

Чувствата на другите може да влијаат на нивните емоции. Особено во период кога се соочуваме со проблем кој ги засега сите.

6 хороскопски знаци кои се најемпатични и чувствуваат сè

Емпатијата е нешто што секој го има и некако, со тек на времето, во центарот на вниманието се ставени оние кои тврдат дека се емпатични, како емпатијата да е нешто што ја прави личноста духовно побогата. Токму таа особина го прави човекот, човек.

Некои луѓе се повеќе, некои помалку емпатични, но емпатичноста не ве прави посебни, тоа е само знак дека сте емоционално подостапни за другите.

Што е емпатија? Тоа е нешто за кое ретко се дискутира кога е во прашање астрологијата и  хороскопските знаци.

Емпатијата е способност да се прими енергијата на другите, без разлика дали таа е позитивна и негативна. Емпатичните луѓе ги чувствуваат емоциите на другите и ги обработуваат внатрешно.

Вистинската емпатија наметнува да се чувствува болката или задоволството на другите, додека лажната емпатија сака само да добие аплауз.

Емпатијата е „сестра“ на сочувството, тоа е симпатија, но на повисоко ниво. Симпатијата дозволува да се сожалува другиот, додека пак емпатијата прави да се разбере и да се почувствува емотивна поврзаност со другиот.

Сите го имаат тоа чувство во одреден степен, некои повеќе, некои помалку. Емпатијата дозволува да се доживеат чувствата на другиот и кај премногу емпатичните личности може да создаде хаос на чувствата.

Кои се најемпатичните хороскопските знаци?

1. Риби

Навистина е тешко да се биде задоволен од таквите луѓе, но Рибите чувствуваат вистинска емпатија и постојано се вознемирени. Тие чувствуваат кога членовите на семејството доживуваат емотивна болка и лебдат над нив за да ја апсорбираат негативноста, не затоа што тоа го сакаат, туку затоа што се компулсивни кога сакаат да помогнат.

Поголемиот дел од времето сакаат да го поминуваат со нив затоа што нивното присуство ги смирува. Рибите ја чувствуваат тежината на светот и се обидуваат да ја сокријат емпатичноста од другите луѓе.

2. Бик

Можеби не ви е веројатно, но Бикот спаѓа во групата на најемпатични знаци. Тој е неверојатно чувствителен за емоциите на другите, дури се труди да биде и во психички склад со оние околу него. Биковите ја препознаваат емпатичноста во себе, но не го покажуваат тоа.

Тие самите се ставаат на услуга на другите. Ги чувствуваат болките на другите и навистина ја изразуваат нивната добрина и желбата да бидат корисни. Тие се најдобриот пријател што некој би можел да го има, затоа што се навистина емпатични и знаат како да ги смират другите со љубов и љубезност.

3. Девица

Целиот живот се поделени помеѓу тоа да бидат цврсти перфекционисти и апсолутно емпатични како што навистина се. Една од причините поради која стануваат ладни и крути е затоа што мораат да се заштитат себеси.

Ладнокрвноста е нивниот механизам за преживување но сепак, тоа таа е само нивна фасада. Сите нешта ги доживуваат длабоко во себе, особено кога станува збор за животните. Доколку некое животно е во опасност, тие не можат да земат здив. Емпатијата е длабоко вкоренета во нив и понекогаш им задава главоболки.

4. Скорпија

Знак кој  обично имплицира многу други работи кои немаат никаква врска со чувствителноста. Иронијата е во тоа што иако се познати како сурови и насилни, тие исто така се најчувствителните, најгрижливите и најемпатичните хороскопски знаци кои постојат. Сакаат да помогнат, сакаат да ги израдуваат луѓето, а понекогаш и го туркаат и другиот да помогне.

Кога чувствуваат дека пријател им е во опасност, тие се секогаш тука за него. Но, не секогаш се во право. Тие се емпатични, но често ги исклучуваат своите емоции.

5. Водолија

Нивната емпатија е длабока, и го третираат светот околу нив како што родител третира дете. Тие се загрижени за сите околу нив, па иако чувствуваат болка, сакаат да помагаат. Не можат да ја прифатат идејата дека некој е изоставен или тажен и поминуваат години обидувајќи се да ги израдуваат луѓето.

Понекогаш луѓето им се обраќаат за помош и тоа ги прави среќни, но кога нивната емпатија не е вреднувана се лутат. Нивниот гнев претставува проблем. Гневот ја гуши нивната емпатија и ги прави помалку приемчиви за луѓето околу нив.

6. Близнаци

Тие се вистински емпатични и не им е секогаш лесно да функционираат така. Ги прифаќаат чувствата на другите и понекогаш, додека ги обработуваат во нивната совест, почнуваат да се чувствуваат полошо отколку што навистина се.

За нив е болно да се восприема болката и вознемиреноста на другите, но доколку некој им се обрати, веднаш помагаат. Веројатно помошта нема да биде трајна, но сепак, даваат сè од себе, за себе и за другите.

Можеби сакате да прочитате и зa тоа кој паничи, а кој не се грижи: Овните сметаат дека се отпорни на вирусот, Девицата е крал на дезинфекцијата, Близнаците се шегуваат со друштвото!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар