Потеклото на знаците во писмената комуникација

Во пишаната комуникација користиме многу симболи чие значење добро го знаеме, но начинот на којшто дошле до секојдневната употреба е познато само за малкумина. Овие неколку приказни имаат за цел да го разјаснат токму нивното потекло.

Прашалник (?)

Порано, кога не постоел знакот прашалник, на крајот од прашањето морало да се напише зборот прашалник, или на латински quaesto. Поради тогаш скапата цена на хартијата таа морала да се штеди, па затоа овој збор бил скратен на само две букви – qo. Потоа, за да не биде помешан како дел од реченицата, буквите q и o биле пишувани една врз друга, за по некое време о да стане точка, а q онаа позната крива линија над неа.Потеклото на одредени симболи

Извичник (!)

Наместо извичник порано се користела кратенката io, изведена од зборовите iocundia и iocundum кои означуваат израз на радост. Слично како во приказната за прашалникот, буквата i била поставена над буквата o со цел да се заштеди на хартија, по што настанал знакот извичник онаков како што го знаеме денес.

Еднакво (=)

Знакот за еднаквост кој се користи во математиката е дело на англискиот математичар од шеснаесеттиот век, Роберт Рекорд. Му бил потребен краток знак кој што ќе му помогне во неговите пресметки, па се решил за две паралелни линии сметајќи дека добро ја отсликуваат еквиваленцијата. Неговиот знак бил доста долг, а оној што ние го користиме денес е околу пет пати пократок од него.

Тараба (#)

Првичната намена на знакот тараба бил да ги означи селата на мапите во Скандинавија. Вистинското име на знакот е октоторп, од зборовите окто – осум, и торп – фарма на старонорвешки јазик. Околу секое село имало по осум фарми, па октоторпот се користел за да ги означи на мапата. Денес тарабата има многу поширока примена.Потеклото на одредени симболи

Мајмунче (@)

Потеклото на популарното мајмунче (анг. at) засега останува мистерија. Постојат повеќе теории кои се обидуваат да објаснат како дошло до неговата употреба како знак во пишаната комуникација. Многу е веројатно дека пред интернет ерата се користел за да означи одредени мерни единици, а денешната примена ја добил откако информатичарите решиле дека е идеален за да се вметне во имејл адресите и разните програмски јазици.

Aмперсанд (&)

Знакот & најчесто се употребува како замена за сврзникот „и“ се нарекува амперсанд. Потекнува од латинскиот јазик, каде што ја имал истата функција. Во деветнаесеттиот век бил и дел од англиската азбука, но по некое време бил исфрлен.

Долар ($)

Кога Американците вовеле своја валута во 1794 година, таа се викала пезос или шпански долар. Скратениот знак бил составен од латинските букви P и S напишани една врз друга, а кога луѓето почнале да го кратат полукружниот дел од буквата Р, бил добиен денес многу популарниот знак $.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар