Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

Мажите се силни, опседнати се со спорт и се добри возачи. Жените се внимателни, зборлести, добри домаќинки… Точно или не баш? Модерни времиња, нови трендови и разлики кои пропаѓаат. Но дали може нашето општество да се носи со промените? Дали може жените да заборават на осетливоста, а мажите да престанат да му се покоруваат на синдромот на балкански алфа мажјак?

Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

Ова се дел од луѓето кои ги рушат половите стереотипи:

  • Жени кои не носат шминка во својата торба каде и да одат.
  • Мажи кои мијат садови и бришат прашина.
  • Жени кои одбрале да бидат возачи на камиони.
  • Жени кои знаат да сменат гума на автомобилот.
  • Мажи кои знаат да ја вклучат машината за перење.
  • Мажи кои одат на пазарење.
  • Жени кои активно се вклучуваат во „машки“ муабети и дебатираат за спорт и политика.
  • Мажи кои пијат розови коктели и милкшејкови.
  • Жени кои одат во теретана и вежбаат со тегови.
  • Мажи кои гледаат романтични филмови.
  • Мажи кои знаат да пуштат солза.
  • Мажи кои готват и чуваат деца.

Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

  • Мажи кои се релаксираат во пенеста купка.
  • Жени кои пијат пиво и гледаат фудбал.
  • Жени кои уплаќаат во спортска кладилница.
  • Мажи кои не се срамат да признаат дека се плашат од нешто.
  • Жени кои излегуваат без фризура, без шминка и тотално „кежуал“ облечени.
  • Мажи кои знаат барем неколку кореографии на познати песни.
  • Жени кои пијат ракија.
  • Жени кои ќе му се спротивстават на тој кој ги задева и соодветно ќе се одбранат сами.
  • Жени – екстремни спортисти.
  • Мажи кои мразат фудбал.
  • Жени кои имаат кариера, семејство и социјален живот.

Во кој момент од нашата еволуција и развиток, горенаведените карактеристики почнаа да наликуваат на мажи со геј ориентација или жени со повеќе машки хормони?

Сите ние сакаме нашите ќерки во иднина да израснат во силни индивидуи без да бидат зависни од мажот, со сопствени финансиски средства и свои одлуки каде ќе ги потрошат парите. Сакаме идните генерации на мажи, да бидат чувствителни џентлмени, со почит и разбирање. Зошто тогаш не преземаме ништо? Погледнете околу себе и инспирирајте се од луѓето кои веќе ги прават тие промени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар