Последната жива личност родена во 19-тиот век, денес го прославува својот 117-ти роденден

Многу луѓе се родени на денешен ден, 29-ти ноември, но Ема Морано од Верчели, Италија, е единствената личност која била родена за време на 1800-тите години и денес го слави нејзиниот 117-ти роденден. Таа е најстарата личност во светот, но не само тоа, туку исто така е и последната жива личност која била родена во деветнаесеттиот век!

Последната жива личност родена во 19-тиот век, денес го прославува својот 117-ти роденден

Кога Ема се родила, во 1899 година, Велика Британија сѐ уште војувала со Бурите во јужна Африка. Првата светска војна била после 15 години, а таа веќе имала 28 години кога бил измислен телевизорот.

Последната жива личност родена во 19-тиот век, денес го прославува својот 117-ти роденден

Таа го држи светскиот Гинисов рекорд како единствена жива личност која е родена во деветнаесеттиот век. Но, која е тајната за нејзината долговечност?

„Јадам две јајца на ден и тоа е тоа“, вели Ема. „И колачи. Но не јадам многу затоа што немам заби.“

Последната жива личност родена во 19-тиот век, денес го прославува својот 117-ти роденден

Па, ако некогаш ви треба изговор за да јадете колачи, сега го имате! Среќен роденден, Ема!

Последната жива личност родена во 19-тиот век, денес го прославува својот 117-ти роденден

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар