Пластичните операции низ бројки

Пластичната или естетската хирургија добива сè поголем размер низ светот. Сè почесто луѓето се решаваат да одвојат големи суми за да направат некаква интервенција на своето тело. Поразителни се бројките кои укажуваат дека сè повеќе малолетни лица се решаваат на ваков чекор. Погледнете дел од статистиката…Пластичните операции низ бројки

  • Во 2010 година, 91% од сите пластични операции биле извршени врз жени.
  • Само во САД биле потрошени вкупно 10.677.415.674 американски долари за пластични операции.
  • Во 2010 година 318.123 жени направиле пластична операција за зголемување на градите.
  • Од таа бројка 2.414 жени се на возраст од 65 години и повеќе, додека 4.153 се на возраст од 18 или помалку години.
  • 20% од овие пациенти за 10 години ќе мораат да ги отстранат имплантите, поради стврднување на ткивоto околу нив и други компликации (според извештајот на „U.S. Food and Drug Administration“).
  • Во 2010 година се извршени 133.511 пластични операции за корекција на нос.
  • Од оваа бројка 9.094 интервенции се направени врз девојки помлади од 18 години.
  • 33% од потенцијалните  пациенти кои сакаат да направат интервенција на носот имаат умерени до тешки симптоми на растројство од дисморфичност на телото (според една студија на „Plastic and Reconstructive Surgery“).
  • Во 2010 година 84.685 козметички хируршки интервенции биле извршени на лица постари од 65 години.
  • Од нив 26.635 биле за затегнување на лицето и 24.783 за интервенција на капаците на очите.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар