Научно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!

Научно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!

Најновите истражувања откриле дека луѓето кои имаат вишок килограми се генерално посреќни во животот. Вистина е дека луѓето кои имаат прекумерна тежина и вишок масни наслаги на нозете се изложени на поголеми ризици поврзани со здравјето, како што се срцеви заболувања, дијабетес и поголема опасност од срцев или мозочен удар. Сепак, нивната ситуација не е толку лоша, бидејќи луѓето кои се опишуваат како дебели имаат многу посреќен живот од останатите!

Научно докажано: Луѓето со вишок килограми се повесели и попозитивни од слабите луѓе!

Ова истражување било спроведено на Универзитетот во Бристол и објавено е во списанието за епидемиологија. Научниците Луис Милар и Џорџ Давеј Смит ги проучувале генетските податоци на 500.000 мажи и жени на возраст помеѓу 37 и 73 години.

Во текот на истражувањето тие дошле до многу заклучоци поврзани со човечкиот индекс на телесна маса и здравјето. Факт е дека кај луѓето со поголем индекс на телесна маса постојат поголеми шанси дека ќе имаат проблеми со висок крвен притисок, дијабетес, а и пубертетот кај нив се јавува порано.

Овие информации не се нови, туку се веќе многу добро познати. Сепак, научниците многу се изненадиле кога дознале дека луѓето со поголема телесна тежина имаат посмирена умствена состојба.

„Откривме многу потенцијални врски кои досега не ни биле познати. На пример, луѓето со генетски предиспозиции за зголемен индекс на телесна маса не се доживуваат себеси како нервозни личности и ретко велат дека се напнати или раздразливи“, тврдат научниците.

Сите знаеме дека проблемите со исхраната влијаат на управувањето со емоциите. Во тој контекст, не е ни чудо што постои директна врска помеѓу тежината и среќата. Што мислите вие за ова истражување? Дали навистина важи изреката „Дебели, но среќни“?

Откако прочитавте за ова истражување, сигурно ќе ве заинтересира и фактот дека мажите кои се венчаваат со покрупни жени имаат 10 пати посреќен живот од останатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар