Научно докажано: Луѓето кои го фотографираат секој момент од животот се посреќни

Неодамнешните истражувања докажале дека луѓето кои постојано фотографираат нешто се посреќни од луѓето кои не користат камери и фотоапарати. Во истражувањето учествувале 2 000 испитаници на кои им дале фотоапарати и ги изложиле на разни активности. Некои од нив ги извршувале активностите без фотоапарат, а останатите имале фотоапарат. По истражувањето ги прашале колку се забавувале за време на секоја активност.

Научно докажано: Луѓето кои го фотографираат секој момент од животот се посреќни

Резултатите покажале дека испитаниците биле најсреќни додека ги извршувале оние активности за време на кои направиле најмногу фотографии.

„Фотографирањето може да го зголеми уживањето во позитивните искуства на тој начин што луѓето кои фотографираат се повеќе внесени во она што го прават“, објаснува еден од истражувачите.

Според ова, може да се заклучи дека фотографиите се клучот за среќата.

И покрај тоа, многумина мислат дека луѓето кои се опседнати со потребата да фатат сѐ на камера ги пропуштаат посебните моменти, бидејќи не се присутни во сегашноста. Но, можеби тоа не важи за нив. Можеби за нив моментот трае многу подолго од оној вистинскиот во кој постојат. Нивниот момент можеби продолжува да трае и откако ќе заврши во реалноста, бидејќи тој е засекогаш запечатен на фотографија, па можат да се навратат на него секогаш кога ќе посакаат и да се потсетат на убавите чувства што им ги разбудил.

Сепак, не треба да се исклучи и фактот дека сите луѓе доживеале значајни моменти во животот, но немале фотоапарат за да ги обележат. Нормално дека тие доживувања не се помалку вредни само затоа што нема фотографии од нив. Таквите моменти можеби се дури и позначајни, бидејќи единствениот доказ за тоа дека некогаш се случиле се наоѓа во вашата глава.

Без оглед на тоа дали сте љубители на фотографирањето, правењето селфиња или пак мразите фотоапарати, најважно е да го правите она што вам ви носи среќа. Не ги слушајте луѓето кои ве критикуваат дека претерувате со фотографирање било да се работи за селфиња или фотографии од јадења и шолји кафе. Никогаш не се откажувајте од она што ве прави среќни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар