Напуштениот Детроит

Населеноста на Детроит нагло опадна за кусо време. За разлика од најдобрите времиња на автомобилската индустрија во 50-тите години на минатиот век, кога во градот живееја околу 2 милиони луѓе, во 2010 година бројката изнесувала скромни 700.000 жители.
Напуштениот ДетроитРаботните места пополека почнале да исчезнуваат и заедно со растечките хипотеки ја разбркале дури и стабилната средна класа кон предградијата, оставајќи илјадници имоти и куќи зад себе. Според бирото за попис, во последната декада бројот на напуштени домови се зголемил на 80.000, што претставува скоро 1/5 од вкупните живеалишта. Иако градот секоја година урива по барем 1.000 куќи, сепак не може да го следи темпото со кое луѓето го напуштаат Детроит.
Напуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитФотографот Кевин Бауман преку неговиот проект „100 напуштени куќи“ го насочува вниманието кон проблемот со напуштените домови во Детроит. Кога тој започнал да ги фотографира напуштените куќи во доцните 90-ти години од минатиот век, неговата намера била да ги евидентира домовите пред тие да бидат срушени за да направат простор за развој на градот. Со помош на постар модел фотоапарат од марката „Hasselblad“, 37 годишниот Бауман, ги сликал куќите во каталошки стил. Една декада подоцна, повеќето структури сè уште се наоѓаат таму, бидејќи Детроит никогаш не го достигна замислениот развој. Напуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот ДетроитНапуштениот Детроит
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар