Најневеројатни непознати зданија во светот

Автор: Ема Јакимовска

Што е тоа што едно архитектонско здание го прави светски познато? Одговорот најверојатно би бил – неговата величественост, големина и историско значење.

Факт е дека во светот постојат многу импресивни архитектонски зданија, кои не се многу познати. Од Индија, Босна и Херцеговина, па сè до Перу. Погледнете кои се оние помалку познати, а сепак неверојатни архитектонски обележја низ светот.

Храмот Аираватесвара во Индија

Во Индија се наоѓаат половина од помалку познатите архитектонски зданија во светот, а меѓу нив  е и овој храм, како и палатата во Канадукатан.Најневеројатни непознати зданија во светот

Стариот мост во Босна и Херцеговина

Источноевропските културни обележја, исто така, го следат трендот на таканаречената „заборавена архитектура“. Овде особено интересен е Стариот мост во Босна и Херцеговина. Мостот е изграден во 1566-та година, а уништен во 1993-та за време на војната во Босна. Потоа, истиот е конечно повторно изграден во 2004-та, со што уште еднаш станува центар на граѓанските кругови.Најневеројатни непознати зданија во светот

Палатата на парламентот во Букурешт, Романија

Уште едно архитектонско здание во Источна Европа, што е малку познато, е и палатата на парламентот во Букурешт, Романија. Палатата била изградена во 80-те години на минатиот век, по наредба на комунистичкиот диктатор Николај Чаушеску. Направена е во неокласичен стил и се смета за една од најголемите и најтешки згради во светот.Најневеројатни непознати зданија во светот

Чокекирао во Перу, Таџ Декан, Индија и Големиот индиски ѕид

За крај, постојат згради кои, иако импресивни, се често подзаборавени поради огромната популарност на некои соседни зданија. Таков е случајот со Чокекирао („Вториот Мачу Пикчу“), Таџ Декан („Таџ Махал за сиромашните“), како и Големиот индиски ѕид, во Кумбалагар, Индија.Најневеројатни непознати зданија во светот Најневеројатни непознати зданија во светот (7) Најневеројатни непознати зданија во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар