Најголемите лаги за храната кои ни ги кажале документарците

Понекогаш наместо со филм, сакате вечерта да ја поминете со некој документарец со надеж дека ќе научите нешто ново. Но, почесто одошто мислите не смеете да им верувате на фактите кои ги нудат овие филмови.

(8)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Кога станува збор за документарците за храна, некои од нив навистина имаат добри аргументи, особено за шеќерот или пак, за суровоста кон животните, но исто така има и многу „факти“ кои едноставно не се точни. Следниве документарци за храна се едни од најпознатите, но и тие содржат некои чудни факти, што воопшто не се за верување.

1. Што по здравјето (What the Health): Едно јајце е исто толку лошо колку и 5 цигари

(1)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Овој филм претвори многу луѓе во вегани. Иако нуди добри факти за потенцијалните ризици од претераното консумирање млечни производи и месо, сепак тврдењето дека јајцата се штетни колку и 5 испушени цигари е малку чудно. Во документарецот се спомнува и истражување што ја потврдило оваа штета. Но, доктор Стивен Нисен од клиниката во Кливленд изјавил дека ова истражување има големи пропусти – не се земале предвид другите животни навики на луѓето. Исто така има докази дека јајцата можеби се одлични за вашето срце.

2. Храната е важна (Food Matters): Секому е потребна детоксикација

(2)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Сигурно веќе имате слушнато дека диетите за детоксикација повеќе ви штетат отколку што ви помагаат. Во овој документарец има предлог да направите чистење на телото од 3 дена следејќи го водичот кој е создаден за документарецот. Овој водич вклучува разни природни сокови, супи и смудиња. Проблемот со ова „чистење“ е што кога ги отстранувате лошите материи од вашето тело, вие ги отстранувате и добрите. Покрај тоа, вашето тело секојдневно напорно работи на овој процес, па нема потреба од природни зеленчукови сокови. Подобро е овошјето и зеленчукот да ги консумирате цели наместо да правите сок од нив.

3. Јас, со супер големина (Super Size Me): Можно е да внесете 5.000 калории во 1 ден

McDonald's Stock Down After Q2 Profit Misses Expectations

Во 2004 година, Морган Спурлок одлучил да се храни само од Мекдоналдс, и тоа по 3 оброци на ден. Исто така, за секој оброк ја одбирал најголемата порција што ја нудела ресторанот. Неговото тело поминало низ многу застрашувачки промени, а неговиот лекар му кажал дека внесувал по 5.000 калории дневно, многу повеќе од дозволеното. Но, реалноста е друга. Речиси е невозможно да внесете 5.000 калории во еден ден. Познатиот Биг Мек е најнездравата опција на менито на Мекдоналдс. Во комбинација со голем помфрит и Кока Кола, ќе внесете 1.200 калории. Ако овој оброк го јадете 3 пати, тоа ќе резултира со 3.600 калории. Дури и да додадете десерт, сепак нема да стигнете до 5.000.

4. Корпорација храна (Food, Inc.): ГМО е најлошото нешто

(4)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Овој документарец е полн со застрашувачки информации, особено за штетното влијание на генетски модифицираната храна. Вистина е дека сојата и пченката се можеби најпрерабортуваните прехранбени производи, но дали генетското модифицирање е навистина толку опасно? Поголемиот дел од научниците во здружението за напредок во науката сметаат дека ГМО производите најчесто се безбедни. Тие велат дека менувањето на гените не е секогаш лошо и на тој начин на растението или на животното им се даваат најдобрите шанси за опстанок. Многу од ГМО производите се со повеќе хранливи состојки отколку оние кои не се модифицирани. Можеби ова модифицирање предизвикува некаква штета, но до денес не е пронајден таков доказ.

5. Прејаден (Fed Up): Шеќерот е најголемиот виновник за дебелината

(5)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Секој од нас пробал да го намали внесувањето шеќер. Според овој документарец, дебелината е во постојан раст токму поради него. Ова можеби има смисла, со оглед на тоа што поголемиот дел од обработената храна е полна со шеќери. Но, според доктор Хариет Хол, внесувањето шеќер се намалило помеѓу 1999 и 2008 година, но дебелината сè уште е во пораст. Знаеме дека овој проблем е најраспространет во САД, но според овој извештај, луѓето во САД консумираат најмалку шеќер. Значи причината за дебелина е нешто друго. Можеби е животниот стил, големиот број внесени калории, а можеби е важно и каков шеќер внесуваме.

6. Вакциниран (Vaxxed): Вакцините предизвикуваат аутизам

(6)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Овде не станува збор за храна, но вреди да се спомне. Овој документарец тврди дека вакцините се одговорни за зголемениот број случаи со аутизам. Оваа идеја потекнува од истражување во 1998 година кое тврди дека 12 пациенти покажале знаци на аутизам откако ја примиле вакцината. Но, подоцна истражувањето било повлечено бидејќи било лажно. Научниците се разбира се загрижиле, и почнале да истражуваат. Но, после испитување на 96.000 деца, не била пронајдена никаква врска помеѓу вакцините и аутизмот.

7. Сурова вистина (The Raw Truth): Зготвената храна е отровна за телото

(7)najgolemite-lagi-za-hranata-koi-ni-gi-kazhale-dokumentarcite-kafepauza.mk

Нема ништо лошо во исхрана базирана на растенија. Всушност, веганскиот начин на живот многу повеќе им одговара на голем број луѓе и им ги овозможува сите потребни витамини и минерали. Но, овој документарец отишол еден чекор подалеку. Според него, храната која е зготвена на температура повисока од 47 степени ги губи сите хранливи материи. Документарецот советува да се јаде само сирова храна. Зеленчукот е важен дел од исхраната, но ова тврдење е погрешно. Всушност, постојат докази кои покажуваат дека голем број зеленчуци ги задржуваат сите хранливи материи и после готвењето. Исто така, зготвената храна ја олеснува дигестијата. Можеби пржените тиквички не се подобар избор од свежите, но кога станува збор за здрави методи на готвење, држете се до нив.

Погледнете ги и најголемите лаги за здравата исхрана.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар