Најбизарниот тренд во областа на пластичната хирургија за 2017 година

Сите знаеме дека мажите ги обожаваат женските гради, но ретко која жена е задоволна од нивниот изглед. Или се премногу големи, или се премногу мали, не се симетрични, не се доволно цврсти, премногу се цврсти… Листата е бесконечна! Медицинскиот тим од Plastic Surgery Group предвидел кој ќе биде најголемиот тренд во областа на пластичната хирургија во 2017 година. Верувале или не, овој пат не се работи за градите, туку за брадавиците!

Најбизарниот тренд во пластичната хирургија за 2017 година

„Бројот на жени кои бараат да им се намали големината на брадавиците порасна за 30% минатата година“, откриваат пластичните хирурзи.

Се чини дека големите брадавици не се повеќе во мода, па сега жените бараат да им се намалат.

„Откривме дека пациентите со помали брадавици се сметаат за попривлечни од оние со поголеми брадавици“, објаснува Мо Ахавани, еден од хирурзите.

Па, како треба да го сфатиме овој најнов тренд во пластичната хирургија? Дали женската привлечност навистина зависи од големината на брадавиците или пак станува збор за апсурд? И покрај сѐ, најважно е вие да бидете задоволни од вашиот изглед и да не им дозволувате на бизарните трендови да го диктираат вашиот начин на живот. Освен тоа, трендовите постојано се менуваат. Можеби наредната година големите брадавици ќе бидат во мода, којзнае?!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар