На сите баби и дедовци на овој свет – БЛАГОДАРАМ!

Тие беа тука, да скокнат и да помогнат, од самиот почеток. Што било и да затреба, кога и да затреба. Нашите деца, од првиот ден, ги засакале како свои, давајќи 100% од себе секогаш кога се со нив.

1-na-site-babi-i-dedovci-na-ovoj-svet-blagodaram-www.kafepauza.mk_

На бабите кои трпеливо седат со своите внуци и со часови разговараат заедно – БЛАГОДАРАМ.

На дедовците кои секогаш носат забава, по некое скриено благо и насмевка на лицата на нашите деца – БЛАГОДАРАМ.

На бабите кои прават најдобра пилешка супа на светот (и секогаш подготвуваат за носење) – БЛАГОДАРАМ.

На дедовците кои со часови минуваат на теписонот, се трансформираат во коњчиња и сложуваат коцки – БЛАГОДАРАМ.

На бабите кои раскажуваат најубави, најволшебни приказни кои децата најдолго ќе ги паметат – БЛАГОДАРАМ.

2-na-site-babi-i-dedovci-na-ovoj-svet-blagodaram-www.kafepauza.mk_

На дедовците кои ги учат своите внуци да ловат риби, да пливаат и да работат во градината – БЛАГОДАРАМ.

На бабите кои менуваат пелени и ги бришат носињата, со иста љубов со која го правеле тоа на своите деца – БЛАГОДАРАМ.

На дедовците и бабите кои ги чуваат нашите деца, па така на работа или во град одиме без трошка грижа дали детето ќе биде добро згрижено – БЛАГОДАРАМ.

На оние кои од секоја скромна пензија одвојуваат како куќа голем денар и купуваат играчка, книга, чоколада – БЛАГОДАРАМ.

На бабите и дедовците кои ги учат нашите деца на вредни животни лекции, од тоа како да бидат претпазливи и штедливи до тоа зошто е важно вредно да се работи и да се биде чесен – БЛАГОДАРАМ.

3-na-site-babi-i-dedovci-na-ovoj-svet-blagodaram-www.kafepauza.mk_

На оние кои точно знаат што и кога треба да кажат – БЛАГОДАРАМ.

На оние кои одат во градинка или училиште по нашите деца, тогаш кога ние не може да стигнеме – БЛАГОДАРАМ.

На оние кои го купиле првиот велосипед, ги платиле часови по балет или се грижеле дали имаме доволно за патики и јакна – БЛАГОДАРАМ.

На оние кои ги пеат најдрагите песнички и кои како со волшебно стапче ги смируваат децата тогаш кога тоа делува како невозможна мисија – БЛАГОДАРАМ.

На оние во чиј дом се игра со брашно, се меси тесто и каде што скоро сѐ е дозволено – БЛАГОДАРАМ.

4-na-site-babi-i-dedovci-na-ovoj-svet-blagodaram-www.kafepauza.mk_

Сигурни сме дека никогаш нема да можеме да им се одолжиме на нашите родители за целата помош која ни ја овозможиле и љубов кои нашите деца ја добиле од нив. Сигурно сакаме да можеме да им обезбедиме патување од соништата во најскапиот хотел во светот. Или да им купиме нови автомобили. Или барем секој ден да поминеме барем еден час со нив. Секогаш сакаме да им го овозможиме сето она што тие од ден во ден ни го даваат нам – стабилност, мир, сигурност, доверба и помош. Безусловна, секојдневна помош. И да, никогаш, ниту за милион години не би можеле да успееме во сето ова без нив.

Погледнете и зошто си ги сакаме баба и дедо.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар