Моќни цитати од Чак Паланик што ќе ви помогнат да ги надминете вашите стравови

Моќни цитати од Чак Паланик што ќе ви помогнат да ги надминете вашите стравови

Сите се плашиме од нешто во животот и тоа е нормално, но некои луѓе не можат никако да ги надминат тие стравови. Можеби се плашите да излезете од вашата удобна зона или не можете да ги признаете вашите чувства на саканата личност. Можеби сте подготвени дури и да се откажете од вашите соништа само затоа што не верувате во себе. Овие стравови ви го попречуваат патот кон среќата.

Моќни цитати од Чак Палахнук што ќе ви помогнат да ги надминете вашите стравови

Животот не е лесен, а внатрешната борба на човекот најдобро е прикажана во најпознатите книги на генијалниот Чак Палахнук како што се „Боречки клуб“ (Fight Club) и „Невидливи чудовишта“ (Invisible Monsters). Тој ја истражува темната страна на човечката психа и неговиот стил на пишување е прилично мрачен. Неговите романи припаѓаат на современиот жанр познат како трансгресивна фикција и ги отсликуваат човечките стравови, но и способности да се срушат сите општествени стереотипи со дел да се постигне вистинска среќа и слобода.

Прочитајте ги следниве моќни цитати од Чак Палахнук кои ќе ве поттикнат да се ослободите од сите стравови и да ја направите потребната промена во вашиот живот за да можете да почувствувате вистинска среќа…

„Само тогаш кога ќе изгубиме сѐ, ќе бидеме слободни да направиме сѐ што ќе посакаме.“

„Луѓето не сакаат да си ги поправат животите. Никој не сака да си ги реши проблемите. Драмите. Никој не сака да си го среди хаосот. Што ќе остане ако го направат тоа? Само застрашувачкото непознато.“

„Секогаш ќе имате некакви изговори за да не си го живеете животот.“

„Без разлика колку сте внимателни, секогаш ќе имате чувство дека сте пропуштиле нешто, дека не сте искусиле сѐ. Ќе имате чувство дека сте ги избрзале моментите кога требало да обрнете повеќе внимание.“

„Еднаш, животот ми се чинеше премногу целосен. Можеби треба да срушиме сѐ за станеме подобри.“

„Кога не знаеме кого да мразиме, се мразиме себеси.“

„Сакам да му бидам потребен некому. Она што ми треба е да бидам целосно на располагање за некого. Ми треба некој кој ќе ми го јаде целото слободно време, его и внимание. Некој кој ќе биде зависен од мене. Сакам да почувствувам меѓусебна зависност.“

„Ако немате инспирација, нема да ви вреди ни сиот труд на светот.“

„Тешко ни е да се откажеме од минатото, затоа што немаме доверба во иднината.“

„Ако им простиме на луѓето кои ни згрешиле… Ако си простиме самите себеси… Ако ги оставиме сите наши приказни зад себе. Нашата потреба да бидеме негативци или жртви. Само тогаш ќе можеме да го спасиме светот.“

„Нашите вистински откритија произлегуваат од хаосот, од нашите прошетки до местата кои се чинат погрешни, глупави и будалести.“

„Сите ќе умреме. Поентата не е да се живее засекогаш, туку да се создаде нешто што ќе живее засекогаш.“

„Интересно е тоа што никогаш не мислите на жените што сте ги имале. Жените што не можете да ги заборавите се оние кои сте ги изгубиле.“

„Можеме да го поминеме целиот наш живот дозволувајќи му на светот да ни кажува кои сме… Или можеме да си одлучиме самите за себе.“

Моќни цитати од Чак Палахнук што ќе ви помогнат да ги надминете вашите стравови

„Вашето минато е само една приказна. Кога ќе го сфатите ова, ќе можете да се ослободите од неговата контрола.“

„Бог нѐ гледа и нѐ убива кога ќе станеме здодевни. Никогаш не смееме да станеме здодевни.“

„Луѓето мора многу да страдаат пред да соберат храброст да го прават она што го сакаат.“

„Луѓето најмногу полудуваат кога ќе видат дека некој има навистина убав живот.“

„Единствениот начин да најдете вистинска среќа е да се изложите на ризикот и целосно да се отворите.“

„Откријте од што се плашите и живејте таму.“

„Не сакам целиот мој живот да може да се сумира во еден единствен збор или приказна. Сакам да најдам нешто друго, необично, некое место што не е на мапа. Вистинска авантура. Мистерија. Празно место. Непознато. Недефинирано.“

„Земјата е како пекол затоа што очекуваме да биде како рај.“

„Никогаш да не бидам целосен. Никогаш да не бидам задоволен. Никогаш да не бидам совршен.“

„Сите човечки суштества или бараат причини да бидат добри или бараат изговори да бидат лоши.“

„Колку пониско паднете, толку повисоко ќе полетате.“

„Тешко е да се заборави болката, но уште потешко е да се сетите на задоволството. Немаме лузна што нѐ потсетува на среќата. Многу малку учиме од мирот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Keri Reply

    Името на авторот се чита Чак Поланик. Малку подистражете пред да пишете.

Напиши одговор на Keri Откажи одговор