Лесно губите концентрација? Можеби сте гениј!

Според последните научни истражувања, на поинтелигентните луѓе им е потешко да го насочат и фокусираат своето внимание и да ја задржат својата концентрација на работата која моментално ја работат, бидејќи постојано имаат нови идеи кои им шетаат низ мислите.

Лесно губите концентрација? Можеби сте гениј!

Резултатите од експериментот спроведен на 10.000 работници од 17 различни земји низ светот покажале дека екстремно паметните луѓе не можат добро да одредат која идеја им е приоритетна и која треба да ја анализираат и разработуваат прва, бидејќи сите идеи им се одлични.

„Ова не звучи како некој огромен проблем, но сите овие одвлекувања на вниманието потенцијално водат до чувство на неадекватност и неспособност работниците добро да се справат со своите работни обврски како целина“, вели психијатарот д-р Едвард Халовел.

Дури и најинвентивните и најспособните работници можат да се разочараат себеси и своите надлежни поради својот лош перформанс на работното место, бидејќи имале тенденции кон одложување на обврските и одговорностите.

„Работодавците секогаш ги бараат најпаметните и најпозитивните луѓе кои им се на располагање, но потешкотиите да се изработат повеќе задачи одеднаш и оние работи кои го одвлекуваат вниманието од овие задачи, влијае на паметните луѓе исто така како што влијае и на останатите, ако не и повеќе. Начинот на кој работиме брзо се менува и нашите мозоци се изложени на сè повеќе стрес, но и работи кои успешно ни го одвлекуваат вниманието од тој работен стрес, што може да доведе до преоптоварување“, вели Бостјан Љубич, потпретседател на компанијата за дизајн на канцеларии „Steelcase“.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар