Кој е вашиот генерациски број и што кажува тоа за вашиот љубовен живот?

Сте чуле ли некогаш за генерацискиот број и за неговото влијание на вашиот љубовен живот? Тој се добива со собирање на сите броеви од годината кога сте биле родени сè додека не добиете едноцифрен број. На пример, ако сте биле родени во 1989 година, пресметувањето треба да се одвива на следниов начин:

1 + 9 + 8 + 9 = 27

2 + 7 = 9

Во овој случај вашиот генерациски број е 9.

Епа ајде, пресметајте го овој број и дознајте како тој ви влијае на љубовниот живот и изборот на партнерот.

koj-e-vashiot-generaciski-broj-i-shto-kazhuva-toa-za-vashiot-ljuboven-zhivot

Генерациски број 1

Вие сакате интелигентен партнер со којшто ќе можете за сè да разговарате. Ако тој е поинтелигентен од вас, тоа е дополнителен бонус бидејќи така би можеле да научите многу нови и непознати работи од него. Никако не смее да биде тврдоглав бидејќи тоа едноставно не можете да го трпите. Мора да ви биде поддршка. Цените добри говорници, но ако се изразуваат граматички неправилно, веднаш ќе ставите крај. Сакате мирна љубов без големи осцилации.

Генерациски број 2

Вие реагирате исклучиво на емоции. Потребен ви е емотивен партнер што без проблем ќе ги покажува и изговорува своите емоции. Девојките сакаат да им зборуваат, постојано да ги уверуваат во емоциите, со цел да им се негува самодовербата. Тие не сакаат грубост и очекуваат од партнерот да ги обвива со внимание, љубов и нежност.

Генерациски број 3

Вие очекувате безусловна љубов и максимална толеранција од партнерот. Ако имате среќа да најдете ваков партнер, тогаш ќе создадете вистинска утопија – вашиот живот ќе се претвори во бајка. Тројките постојано даваат, ништо не задржуваат за себе, но само ако чувствуваат дека тоа им е возвратено. Тежнеат кон совршенство.

Генерациски број 4

Вие сакате партнер што е многу сличен на вас. Најпрво барате личност што е одговорна и традиционална. Потоа важно ви е партнерот да биде вреден и весел, личност на којашто можете да се потпрете во секое време и што ќе ги цени вашите особини. Презирате нерамнотежа и луѓе што не знаат каде одат.

Генерациски број 5

Вие обожавате весели, комуникативни, забавни и интелигентни партнери – оние што преземаат иницијатива, полни се со изненадувања и во ниту еден момент нема да ви здодеат. Сакате покрај партнерот да откривате големи животни радости, преку насмевки и забава, бидејќи презирате расправии и ограничување на слободата. Ќе дадете сè за вистинскиот партнер.

Генерациски број 6

Вие сте во потрага по шармантни, убави и посакувани партнери бидејќи сметате дека само ним им припаѓате. Во врската најважното нешто ви е вниманието и еротиката, и кога ќе го добиете тоа ќе му овозможите на партнерот сè што му треба за добар живот. Сакате брак, стабилна финансиска состојба, убаво уреден дом, деца, бојат социјален живот и хармонија.

Генерациски број 7

Вие сте во потрага по натпросечно интелигентни партнери со кои ќе можете да анализирате и водите филозофски разговори, бидејќи и самите сте такви. Интелектуалец и филозоф – тоа е совршениот партнер за вас. Но тој или таа исто така мора да ви даде искрена љубов, без никакви сомнежи, љубомора или посесивност, во спротивно ќе изгубите интерес.

Генерациски број 8

Вие сакате силни партнери со голема кариера. Барате заштита и сигурност, односно поддршката што не сте ја имале во домот на родителите. За вас совршени партнери се оние покрупните, во чија прегратка што ќе можете да се изгубите и да уживате во топлината. Сакате партнер што е авторитет и со кој јасно ќе поставите граници. Сепак барате некој што ќе ве почитува, а не диктатор.

Генерациски број 9

Вие барате партнер на кој ќе можете да му дадете целата љубов на овој свет, а можеби и повеќе од тоа. Иако деветките се затворени личности, тие сакаат партнер пред кој ќе можат да се отворат и кој нема да ја злоупотреби нивната доверба. Се плашат од предавство, па потребен им е лојален партнер. Вие сте есенција на љубовта, па треба да најдете некој како вас, со истите ставови и потреби за навистина да бидете среќни.

Пресметајте го вашиот биоритамски број и дознајте како да дојдете до пари!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар