Неделна нумеролошка прогноза до 13 август 2023 година

Неделна нумеролошка прогноза до 13 август 2023 година

Прочитајте ја нумеролошката прогноза за оваа недела подготвена од нумерологот Лили Сорум. Животниот пат е збир од денот, месецот и годината на раѓање.

Неделна нумеролошка прогноза до 13 август 2023 година

Предизвици на 32-та недела

Енергијата во овој момент флуктуира уште повеќе и како одново да го доживуваме минатото. Излегуваат на површина нашите стравови и гневот, како и нашата желба за слобода и припадност, што може да изгледа контрадикторно. Лекцијата што ни ја носи оваа недела е силно поврзана со самољубието. Здравата љубов може да се справи со одбивањето, лошото расположение, загубата, како и среќните моменти. Како се однесувате кога сте нерасположени? Кој е вашиот внатрешен дијалог?

Прашања за помош:

  • Кој или што ве нервира?
  • За кого или што имате негативно мислење?
  • Зошто тоа треба да биде вашата работа?

Но, ова е поволно време за:

  • Трансформација
  • Заклучоци
  • Љубов кон себе

Животен пат број 1

Имате среќа – наскоро ќе започнете нешто ново, но само ако тргнете во вистинската насока.

Животен пат број 2

Фокусот ќе биде на односите со другите, но и на оној што го негувате со себе. Сепак, можеби е време да се направи драстична промена во начинот на кој се однесувате со себе.

Животен пат број 3

Се буди чувството на беспомошност од детството. Можеби не сте имале шанса да се изразите онака како што сте сакале или сè уште не сте прифатиле целосно дел од себе.

Животен пат број 4

Кој дел од вашиот живот е празен? Ако се чувствувате неисполнети, време е да ја претворите болката во радост.

Животен пат број 5

Промената е секогаш важна, но овој пат може да се чувствувате како да се враќате наназад. Имате уште една шанса.

Животен пат број 6

Љубовта не боли, но предавствата болат – особено од оние на кои им верувавте најмногу. Сега е време да се справите со најголемите предавства.

Животен пат број 7

Овие денови ве очекува битка меѓу разумот и чувствата. Но, можеби би било најдобро само да почекате малку да се смири вашиот внатрешен конфликт.

Животен пат број 8

Мора да бидете кристално јасни во вашата одлука и избор. Дали знаете што точно сакате, зошто и кога?

Животен пат број 9

Животот никогаш не оди наназад, а растот е секогаш напред. Кога ќе пораснете? Но, во никој случај не занемарувајте го детето во вас!

Откако ја прочитавте нумеролошката прогноза за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и што открива тибетскиот хороскоп за вас врз основа на вашата година на раѓање.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар