Како се чува љубовта? – Кратка приказна која сигурно ќе ја запаметите

Едно љубопитно детенце сакало да дознае нешто повеќе за љубовта, па решило да ја праша својата мајка, а нејзиниот одговор со сигурност и вие добро ќе го запаметите.

kako-se-chuva-ljubovta-kratka-prikazna-koja-sigurno-kje-ja-zapametite-kafepauza.mk

Детето било заинтересирано да добие совет од мајка си за тоа како се чува љубовта. Начинот на кој таа му објаснила е нешто за кое сите добро ќе размислите и сигурно ќе се согласите.

Мајката и детето си шетале на плажа. Во еден момент детето ја запрашало:

„Мамо, како се чува љубовта?“

Мајката го погледната и одговорила:

„Земи малку песок и стисни го во дланката.“

Детето тоа го направило. Ја стегнало дланката и колку повеќе стегало толку повеќе песок му испаѓало од неа.

„Но мамо, песокот ми бега.“

„Знам, сега повторно отвори ја дланката.“

Детето ја послушало мајка си, но во тој момент дувнал ветар и го однел песокот од дланката.

„Ни вака не успевам да го задржам песокот.“

Детето се пожалило, а на тоа мајката му одговорила.

„Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката во облик на лажица, доволно затворена да го заштитиш песокот, но и доволно отворена за да биде слободен.“

Детето тоа го направило и песокот останал на дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен за да не протече низ прстите.

„Така се чува љубовта.“

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар