На кафе во Белград, Р. Србија

На кафе во Белград

Погледнете неколку кафетерии во центарот на Србија, Белград и сами одберете каде ќе се напиете кафе следниот пат кога ќе го посетите овој град.
.

Coffee dream

На кафе во БелградНа кафе во БелградОвој кафе-бар е создаден да понуди квалитетно кафе. Првата кафетерија Coffee dream е отворена во срцето на Белград, на аголот на улиците Кнез Михајлова и Крал Петар. Со елегантен ентериер и современа атмосфера, овој кафе-бар нуди огромен избор на кафиња (топли, ладни, со алкохол, фрапеа) како и десерти, чаеви, вина и други алкохолни пијалaци. Секогаш позитивната атмосфера која владее во објектот е одлично место за дружење и почитување на прекрасниот ритуал наречен пиење кафе.На кафе во Белград

Локации:

  • Улица Nikole Spasića
  • На аголот на улиците Knez Mihailove и Kralja Petra
  • Трговски центар Sremska и Makenzijevoj 89
  • Eurocentar Dečanska 5
  • Makedonska 30

.
Greenet

На кафе во Белград, Р. СрбијаОваа симпатична кафетерија нема класични маси и столици, туку шанк со барски столчиња на кои може да седнете и да се напиете некое кафе од менито на овој кафе-бар (кафе на база на еспресо, на база на филтер кафе, чоколадо, турско кафе, кафе со алкохол), да гледате низ прозорецот од кафетеријата и да се препуштите на вкусот на кафето и мигот. Првата кафетерија е отворена во 1992 година. Бидејќи се наоѓа во Трговскиот центар Милениум, кафетеријата претставува одлично место за одмор по шопинг.

Локација:

  • Трговски центар Милениум, Nemanjinoj ulici br. 40

.
Speak Easy

На кафе во Белград, Р. СрбијаОваа кафетерија во Белград е во минималистички стил и со едноставни елементи кои ја прават совршена за пиење кафе и уживање во градот. Поранешната кафана, сега кафетерија, Speak easy е место со современ ентериер и одлично за кафе пауза. Бидејќи е во близина на факултетот за бизнис, често е посетувано од студентите. Mint mocha и мафин од малини е одличен избор доколку седите овде.На кафе во Белград, Р. Србија

Локации:

  • Улица Svetogorska 49
  • Улица Resavska 34
  • Улица Njegoševa 4



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.