Како изгледа сместувањето во најдобриот хотел на светот?

La Réserve Hotel & Spa во Париз е прогласен за број 1 во светот од страна на списанието Condé Nast Traveler. Во текот на последниве 3 декади, секоја година списанието ги замолувало читателите да гласаат за најдобриот хотел. Оваа година повеќе од 300.000 читатели гласале за дури 7.320 хотели. Читателите ги оценувале собите, послугата, храната, дизајнот и вредноста. Овој хотел добил највисоки оценки во секоја категорија.

Што ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?

Хотелот бил отворен во 2015-та година и брзо се прославил во индустријата. Според списанието, градбата на почетокот била наменета за полубратот на Наполеон II. Подоцна градбата била станбена зграда. Гостите може да уживаат во декор од 19-тиот век со мермерни камини и неверојатен мебел. Па што добивате кога сте сместени во овој хотел?

Ваш батлер

Што ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?

Хотелот има 26 апартмани и 14 соби, со сопствени батлери. Нивната цел е да ви помогнат со сè – од пакување до полнење на кадата. Гостите ги контактираат батлерите со ајпед кој им го дава хотелот за време на престојот.

Храна во кое било време

Што ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?

Од хотелот веруваат дека гостите треба да добијат сè што ќе посакаат за време на престојот. Кога станува збор за храна, тие немаат мени, па можете да порачате што сакате за јадење.

Храна од најдобрите готвачи

Што ќе добиете ако отседнувате во најдобриот хотел во светот?

Ресторанот во хотелот добил 2 Мишелин ѕвезди само една година по отворањето. Тој нуди француска и јапонска кујна. Вториот ресторан на хотелот нуди оброци приготвени од сезонска храна. Гостите трошат најмалку по 70 евра од оброк.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар