Гери – Слатко маче родено со постојано загрижен лик

Гери е 8-неделно маче кое е родено со шари на крзното во вид на веѓи и веќе станува интернет сензација. Мачето е милениче на пар од Манчестер кои го завикале Гери според ѕвездата од „Тејк дет“, Гери Барлоу, кој е познат по подигнувањето на веѓите додека пее. Сопствениците на Гери се колнат дека шарите се вистински.

„Кога се роди имаше само две мали црни дамки на челото… Ние го сакаме намуртениот мачор (Grumpy Cat) па си рековме да му дадеме шанса да ја стекне истата слава“, вели сопственикот Енди за „Дејлимејл“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар