Фасцинантни фристајл движења на три дечиња

Гавин (10), Крис (9) и Кида (8) го сочинуваат преслаткото трио кое живее во Сакраменто, Калифорнија. Тие имаат неверојатен талент за танцување, збогатен со неверојатни, препознатливи и уникатни хип-хоп фристајл, крампинг движења. Гавин и Крис потекнуваат од Филипините, а Кида е Афроамериканец.
Фасцинантни фристајл движења на три дечињаНивната група се вика „The Art of Teknique“, а нивниот талент го „билдаат“ во танцувачкото студио „The Great House of Dance“.

Овие тројца момци полека, но сигурно стануваат омилени кај светската публика, а нивните фантастични способности се докажаа и со нивното освојување прва награда на натпреварот „World of Dance Bay Area 2010“.


.

„Ние ги инспирираме сите луѓе на кои наидуваме. ОБОЖАВАМЕ да танцуваме и сакаме да бидеме со нашите семејства и друштва. Нашето патување штотуку започна, па се надеваме дека ќе ни се придружите“ – пишува на нивната фејсбук страница.

Фасцинантни фристајл движења на три дечињаМалечки, симпатични, талентирани и уникатни професионалци, овие деца ја имаат „формулата“ за постанување светски ѕвезди уште на својата 8-10 годишна возраст.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар