Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

Погледнете ги овие четири карти и дозволете ѝ на вашата потсвест да ја избере онаа што најмногу ве повикува. Треба да ја изберете онаа карта што ве привлекува најмногу затоа што таа носи посебна порака што ќе донесе мир и хармонија во вашиот живот.

Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

1. Карта на радост и надеж

Оваа карта ви најавува дека живеете во денови на промени. Сè што ви се случило досега, се случило затоа што мора да учите, да растете и да бидете силни.

Сега е време да верувате дека најдоброто допрва треба да дојде и да го живеете животот со надеж. Сега е време да заблескате и да го направите невозможното, да правите работи што отсекогаш сте ги посакувале, но никогаш немавте храброст да ги пробате.

Време е да им се вратите на тие соништа и да бидете храбри затоа што универзумот секогаш работи во корист на оние што се обидуваат да ги остварат своите најголеми желби. Живејте го секој ден со радост и со позитивни чувства.

2. Карта на мирот

Оваа карта ќе ве потсети дека можеби не сте одговорни за сето она што се случува во вашиот живот, но вие сте одговорни за ставот што го имате кон работите што се случуваат. Лутината и одмаздата никогаш не се добар избор.

Вие сте мудри и имате контрола над вашиот живот, над вашите одлуки и над вашите реакции. Научете да се справувате со гневот со љубов, а со тврдоглавоста со добри аргументи и ќе видите како вашите денови автоматски ќе станат посреќни и вашиот став кон животот и кон луѓето радикално ќе се подобри и ќе привлекувате благосостојба и љубов.

Бидете смирени, не дозволувајте луѓето да ве влечат кон бури, подобро вие да ги привлечете кон мирот.

3. Карта на чесност и одговорност

Оваа карта ќе ве натера да се запрашате дали во последно време давате сè од себе. Што правите денес за иднината да ве одведе таму каде што сакате да бидете? Што можете да направите во вашиот живот за да бидете најдобрата верзија од себе?

Вие сте личност која прави прекрасни работи. Вашата судбина и вашиот живот се во ваши раце. Поради оваа причина, дефинирајте ги своите цели, исполнете се со сила, со љубов и со храброст и продолжете да се движите кон остварување на вашите соништа затоа што кога знаете што сакате, секогаш ќе најдете начин да го постигнете тоа.

Бидете силни и секогаш давајте сè од себе.

4. Карта на фантазијата и на новите можности

Оваа карта ве повикува да го видите своето постоење со нови очи, со очи на љубопитно дете кое е изненадено од летот на пеперутките или од синото небо. Обично брзате низ животот, не ги гледате прекрасните работи што се случуваат секој ден и не ги забележувате пораките што ви ги испраќа универзумот.

Креативната сила на универзумот го сака најдоброто за вас и секогаш ви испраќа пораки на својот суптилен јазик. Време е да внесете малку повеќе мир во вашите денови. Пред вас ќе се појават нови можности, но само ако го дозволите тоа.

Време е да почнете да ги забележувате знаците бидејќи животот никогаш не престанува да разговара со вас и секогаш ве води на најдобриот пат.

Изберете ловец на соништа и откријте што значи вашиот избор

Изберете ловец на соништа и откријте што значи вашиот избор

Извор: Atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар