Дрво со шарено стебло

Можеби овие дрвја ви изгледаат како да се обоени со темперни бои, но нивната боја е во суштина, дело на природата. Ова специјално дрво е наречено „Eucalyptus deglupta“, а попознато е по името „Rainbow Eucalyptus“ (Еукалиптус-виножито). Колоритните пругасти „чкртаници“ на неговото стебло, се лупат секоја година, при што се покажува светло зелената боја на внатрешноста од дрвото. Овој слој од дрвото потоа потемнува и повторно се создаваат бои како сина, виолетова, портокалова, жолта, црвена и костенлива. Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стебло„Eucalyptus deglupta“ е единственото дрво од видот еукалиптус, кое природно го има на северната хемисфера. Тоа расте природно на островот Нова Британија, во Нова Гвинеја, крај морето Серам, на островите Сулавеси и Минданао. Денес, дрвото се одгледува на многу места во светот, најмногу поради струготините кои се користат за производство на хартија или за изработка на декоративни предмети.Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стебло


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар