Дознајте како мачките покажуваат љубов

Мачките се малку суптилни кога станува збор за покажување љубов кон сопственикот. Иако некои луѓе велат дека тие се скржави кога треба да покажат љубов, вистината е дека тие само имаат свои начини на кои ја докажуваат нивната приврзаност. Доколку чувате мачка, обрнете внимание на следниве неколку нешта кои се дефинитивни знаци дека вашето милениче ве обожава…

Дознајте како мачките покажуваат љубов

Воспоставува контакт со очи

Според некои експерти, кога мачките го задржуваат погледот на сопственикот и притоа нежно и суптилно трепкаат, тоа е еден од показателите дека мачето има доверба во него.

Предење

Ова е најпознатиот и најчестиот пример за покажување љубов. Освен тоа, постојат голем број докази дека предењето на мачките има позитивно влијание врз здравјето на луѓето.

Дознајте како мачките покажуваат љубов

Ги тегне и грчи шепите

Кога постара мачка ги тегне и грчи шепите како што тоа го прават новородените мачиња додека цицаат, тоа значи дека е спокојна. Доколку притоа ја галите и таа почне да преде, нема сомнеж дека таа е задоволна што е во ваша близина. Говорот на нејзиното тело покажува љубов.

Дремнува покрај вас

Доколку мачето ве брка да легне покрај вас веднаш штом се спуштите на креветот, бидете сигурни дека ве сака. Убаво ѝ е во вашата прегратка и таа постојано сака да се склопчува во неа. Уште и ако имате набавено удобен и мек кревет за мачки, а таа и понатаму инсистира да спие до вас, несомнено е дека ве обожава.

Дознајте како мачките покажуваат љубов

Ја потпира нејзината глава на вашата

На тој начин таа ве задева и ви покажува дека сака да се гали. Некои научници велат дека ваквото однесување на мачката е еквивалент на човечката прегратка.

Ви носи подароци

Мачките кои живеат во дворови знаат да ги изненадат нивните сопственици со по некој глушец или инсект кој го уловиле. Иако повеќето сопственици се згрозуваат во тој момент, треба да знаете дека покажувањето на пленот е еден од знаците на љубов и почит. Мачките се горди на нивните ловечки способности и сакаат да ги пофалите. Мачките кои живеат во стан го прават ова со ластици за коса, кеси или играчки.

Знаеме дека отсекогаш сте биле сигурни во љубовта на вашето милениче, а сега можете и да ги препознаете неговите мали и слатки гестови со кои ви искажува љубов и приврзаност.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар