Доброто, лошото и грдото кога си цимер со твоите НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

Дваесеттите години се најверојатно и најзабавните години. Особено ако живеете со цимери, со кои ги делите истите проблеми. Но, како би ви изгледал животот ако цимерите ви се всушност вашите најдобри другар(к)и?

0-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Еве ги добрите, лошите и грдите страни во разни ситуации доколку сте цимери со вашите најдобри пријател(к)и.

Фрижидерот

1-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Ретко пазарите во маркет за да оставите доволно простор за производите на другите.

Лошото: Го/ја гледате цимерот/ката како секојдневно готви, се чувствувате лошо поради својата мрза.

Грдото: Во два часот по полноќ сте мртви гладни и ја јадете храната на цимерите молејќи се да не ве забележат.

Спиење

2-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Секогаш имате со кого да се стуткате на каучот.

Лошото: Секогаш се наоѓа некој пијан да дојде и да ве гушка.

Грдото: Попрво би спиеле со другарот/ката, отколку со партнерот.

Туширање

3-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Имате совршен распоред за туширање кој се вклопува во сите останати ваши навики.

Лошото: Викенд е, треба да се истуширате, но постојано ја одолговлекувате работата сè до последниот миг кога веќе сте четворица кои треба да се истуширате.

Грдото: Никој не сака да го исчисти одводот преполн со влакна, па морате да стоите во када на висина до 10 см полна со вода поради тоа.

Пиење

4-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Дури и да треба малку да се убедувате секогаш си наоѓате партнер за пиење.

Лошото: Вие меѓусебно се бодрите и немате никаков проблем да поделите уште едно шише алкохол помеѓу вас или да испиете по уште едно пиво.

Грдото: 3 по полноќ е и имате трка кој ќе успее да јаде најдоцна. Но, никој не победува во оваа ситуација, особено не вашето тело.

Мамурлаци

5-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Меѓусебно ќе се разбудите, а потоа ќе се жалите едни на други за минатата вечер.

Лошото: Никој од вас нема намера да оди да купи лиснати од пекара.

Грдотo: Ќе се најдете себеси паднати во тоалетот додека цимерот/ката повраќа во мијалникот.

Чистење

6-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Работните обврски се делат подеднакво на сите цимери.

Лошото: Да бидеме искрени, никој не сака да чисти.

Грдото: Сите забораваат да стават тоалетна хартија, па често мора да бидете креативни за да можете да станете од шолја.

Останување дома

7-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Многу е полесно некого да убедите да остане дома, отколку да излезе.

Лошото: Дома се опијанувате до крај. Што ќе беше пак ако излезевте?

Грдото: Ви се темни, ќе го фатите каучот, но толку лошо ќе спиете што ќе беше многу подобро да излезевте.

Плакарот

8-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Колку повеќе цимери, толку повеќе алишта.

Лошото: Никогаш не знаете каде се вашите работи.

Грдото: Брзате за на работа и тек откако ќе седнете во канцеларија сфаќате дека имате огромна дамка од црвено вино на вашата блуза.

Гледање телевизија

9-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Секогаш имате со кого прекумерно да гледате ТВ серии.

Лошото: Има само еден телевизор, па затоа шансите за конфликт се поголеми.

Грдото: Поминаа 8 саати кога конечно сфативте дека ништо друго не сте ни правеле.

Излегување

10-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Секогаш имате некој кој ве поддржува и се подготвува со вас.

Лошото: И да не сакате да излезете, ќе подлегнете на притисокот од пријателите.

Грдото: Ако некој од вас сака порано да си оди дома затоа што се чувствува лошо, имајте предвид дека „влечкате“ уште еден со вас.

Гости кои преноќуваат

11-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Колку повеќе, толку подобро!

Лошото: Постојат големи шанси да не спиете долго, поради бучниот секс во соседната соба.

Грдото: Во најдобар случај, во вашата бања неочекувано ќе видите полов орган.

Тоалетот

12-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: И да ви снема капки или гел за коса, знаетe дека имате од кого да земете.

Лошото: Колку повеќе женски го делат тоалетот толку помалку има простор за да ги сместат над 100-те продукти за убавина.

Грдото: Дали веќе спомнавме дека влакната претставуваат проблем за одводот?

Лични граници

13-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mk

Доброто: Нема.

Лошото: Нема.

Грдото: Нема.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар