Бунарот на вештерката

25 јануари, 2011 1 коментар од

„Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.Бунарот на вештеркатаВистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештерки :) . Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.Бунарот на вештеркатаБунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.

Бунарот на вештерката

„Бунарот на вештерката“ кога нема прелевање на вода

Но, бунарот не кипи после секој посилен дожд. Последен пат тоа се случило во април, 2010, а претпоследен пат во 2008, по пауза од 3 години.Бунарот на вештерката„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.
Бунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештерката

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Занимливости

Тагови: , , , , , ,

За авторот

Новинарка по професија и исклучително љубопитна девојка со истражувачки дух, вечно во потрага по доза креативност. Кафе пауза ми ја оживува страста и ми дава можност секој ден да учам нешто ново. Животно мото ми е дека без кафе и по некоја испеана песна, не смее да ми помине ниту еден ден. Обожавам тимска работа, музика, филм и уметност во сите облици. Верувам дека добриот совет и астрологијата ми помагаат да се разберам себеси и светот околу мене. Неостварен сон - да го прошетам светот.

1 коментар за “Бунарот на вештерката”

  1. A.Westwick says:

    Aaaaa jako jako :) sakam da go posetam!

Остави коментар

Read more:
2 шворц девојки (2 Broke Girls)
2 шворц девојки (2 Broke Girls)

Како да останете здрави кога времето е ладно
Како да останете здрави кога времето е ладно?

(0) kako dedo mraz mozhe da gi dostavi site podaroci vo edna nokj - www.kafepauza.mk
Како Дедо Мраз може да ги достави сите подароци во една ноќ?

Close