Автомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживање

Volkswagen Italdesign Up! Azzurra Sailing Team е автомобил со медитерански шмек создаден за крајбрежно возачко уживање под летното сонце. Тој претставува досега невиден спој на германски автомобил и италијанска јахта. Автентичниот дизајн е дело на двајцата легендарни дизајнери Џорџето Џуџаро и Валтер да Силва, кои и самите израснале во крајбрежни гратчиња, па не им било тешко тоа да го имплементираат во дизајнот на овој автомобил.Автомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеItaldesign Up! Azzurra Sailing Team е мал еколошки автомобил без врати и без покрив, кој е совршен за некој што живее покрај море, каде што времето е топло, а има и ветрови. Дозволува патниците да уживаат во летното возење чувствувајќи го ветрот во косата, давајќи им чувство дека се возат на брод. Во тоа секако придонесува и неговата внатрешност, составена од луксузни материјали кои потсетуваат на јахта со тоа што не пропуштаат вода. Седиштата се изработени од кожа во бела и сина боја, контролната табла е од махагон, наместо врати од страните има по една јаворова препрека за безбедност, а сите дрвени површини се покриени со слој од синтетичка смола.Автомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживањеАвтомобил со медитерански шмек за крајбрежно возачко уживање


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. михаела Reply

    преслатко е количево! а колку кошта?…сигурно многу…

Остави коментар