9 лекции кои можеме да ги научиме од жени кои ја изгубиле својата коса поради рак

За многу жени косата е многу повеќе од моден додаток. Таа е дел од нивниот идентитет и затоа начинот на кој ја носат може многу лесно да се промени под влијание на начинот на кој се чувствуваат за себе. Па, некои од нив носат долги локни со цел да покажат самодоверба, ја врзуваат пред вежбање со цел да си овозможат удобност или пак, ја скратуваат или менуваат бојата со цел да се почувствуваат помоќно.

9 лекции кои можеме да ги научиме од жени кои ја изгубиле својата коса поради рак

Но, што се случува кога жената ќе ја изгуби својата коса? За да го открие одговорот на ова прашање, „Vogue“ спровеле анкета на оние жени кои ја изгубиле нивната коса поради рак и потоа ги споделиле нивните неверојатно одговори преку инспиративно видео и фотографии.

1. Вие можете да одберете да се ослободите од оние ситуации кои не можете да ги промените

„Беше многу тешко да се избричи и да се отстрани тоа сигурносно ќебе, но потоа сфатив дека нема да го имам тоа веќе и одлучив самата да си го земам со цел да не се држам за нешто што повеќе не е тука.“ – Ели Мејдеј.

2. Убавината е во прифаќањето

„Убавината и феминизмот не вклучуваат само истакнување на вашите најдобри карактеристики, туку и прифаќање на мааните и на онаа личност која навистина сте. Целосно.“ – Сулеика Џаоа

3. Ние треба да ги прифатиме и славиме туѓите разлики

„Кога ја тргнав периката мојот пријател ми рече ‘Ох, Боже, ти си прекрасна и никогаш повеќе не треба да ја ставиш таа перика.’ Никој претходно ми го нема кажано тоа.“ – Рејчел Флејт

4. Тешките ситуации можат да создадат можности за одново дефинирање на вашите идеали

„Убавината за мене беше желбата да припаѓам, а сега сè што сакам е да се истакнувам.“ – Миа Сидарос.

5. Кај сите можете да пронајдете специјални карактеристики кои ги издвојуваат од останатите доколку одвоите малку време за да ги побарате

„Забележував прекрасни карактеристики на лицата кај сите луѓе. Некои можеби имаа прекрасни очи или големи полни усни или одлични јаболкници. Сите имаа своја посебна карактеристика. Кога немате коса вие многу лесно можете да откриете која е таа карактеристика.“ – Кејт Амбрози

6. Откријте што најдобро функционира за вас и не се плашете да правите некарактеристични промени

„Повеќе не носам перики, но првите три месеци тие беа одлични за мене. Навистина ми помогнаа во тежок период кога не сакав да бидам без коса. Но, кога полека почнав да се менувам, го најдов својот сопствен стил и сфатив дека некој кој е толку млад како мене, не ни мора да носи перика.“ – Карли Северн

7. Дури и наједноставните нешта можат да ја зголемат вашата самодоверба

„Има едно нешто кое сакам да го носам секојдневно. Тоа е маскарата. Таа едноставно ги враќа работите во својата природна состојба. Не е потребно многу за да се биде убава.“ – Валисија Лекае

8. Понекогаш потребно е да се изгуби нешто за да се разбере неговата значајност

„Имав долга, луда и кадрава коса. Едно време мислев дека таа е мојата најдобра карактеристика. Сега кога ќе погледнам наназад сфаќам дека јас сум се криела зад мојата коса многу повеќе одошто сум сфаќала.“ – Сулеика Џаоа

9. Вие самите можете да го дефинирате она што ве прави убави

„Убавината е она што е внатре и тоа е најважната порака. Токму тоа е она што е најубаво.“ – Ели Мејдеј

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар