7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

Постојат многу луѓе кои се доволно храбри за да ги срушат стереотипите и да размислуваат со своја глава. Некои од нив се осмелиле да спроведат животни експерименти кои на многумина им послужиле како инспирација. Погледнете ги следниве необични експерименти што комплетно им го промениле размислувањето и животот на луѓето кои ги спровеле…

1. 3 години секој ден носела иста облека за на работа

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Матилда Кал пронашла радикално решение за проблемот со кој се соочуваат повеќето жени: Избор на облека за на работа. Таа решила да ги носи истите парчиња секој ден, во период од 3 години. Ѝ се смачило да троши време на правење модни комбинации. Матилда си купила неколку бели кошули и неколку исти пара црни панталони. Тоа станало нејзината секојдневна „униформа“ за на работа.
  • Резултат: Таа ги чувала сите нејзини скапи фустани за викенди и за вечерни излегувања. Матилда не трошела време наутро, бидејќи точно знаела што ќе облече. Благодарение на овој експеримент, таа сочувала време и енергија за средбите со семејството и пријателите.

2. Човекот кој 1 година јадел само компири

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Ендру Тејлор јадел само компири 1 година.
  • Резултат: Ендру му покажал на целиот свет што ќе му се случи на вашето тело, ако јадете само компири. Погледнете го само! Тој изгубил 50 килограми и изгледа одлично! Меѓутоа, оваа строга диета не е за секого.

3. Детство без уреди

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Ники Бун, мајка на 4 деца и фотографка, живее на фарма во Нов Зеланд со нејзиното семејство. Таа одлучила да ги воспитува децата во хармонија со природата, без уреди и телевизија. Тие живеат без никакви уреди веќе неколку години.
  • Резултат: Семејството на Ники докажало дека на децата не им требаат уреди за да бидат среќни. Ним им треба само вашата љубов и малку слобода. Тие се чувствуваат одлично без лаптопи и смартфони. Ники направила серија фотографии од нејзините 4 деца и нивниот живот без технологија, што го нарекла „Childhood in the Raw“.

4. 20 години живеела без пари

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Хајдамери Швермер сфатила дека луѓето стануваат големи материјалисти. Таа се отселила од нејзиниот стан, ги раздала поголемиот дел од работите и одлучила да направи мал експеримент: Цела година да живее без пари. Таа им помагала на луѓето во замена за храна и вдомување. Не користела јавен превоз и ги носела најнеопходните работи и облека во мала торба.
  • Резултат: Хајдамери цели 20 години живеела без пари. Преку нејзиниот пример, таа докажала дека парите не се најважното нешто во светот. Долго време, таа била јавен говорник и редовен гостин во многу ТВ емисии.

5. Пар од Викторијанската ера

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Сара и Габриел Крисмен решиле да живеат како да се од Викторијанската ера. Тие се откажале од сите придобивки на модерната технологија. Користеле стомна за миење, шиеле облека, осветлувале со ламба на масло и готвеле рецепти од книга за готвење од 19-ти век.
  • Резултат: Ваквиот необичен начин на живот му помогнал на парот да го смени погледот кон светот и луѓето и подобро да го разбере своето потекло. Многу од старите предмети биле корисни, а рецептите заслужувале посебни пофалби. Сара напишала книга за нејзиното искуство и за викторијанскиот начин на живот.

6. Живот без ѓубре

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Беа Џонсон одбрала да живее без ѓубре. Таа престанала да купува и користи работи што не може да се рециклираат, како на пример пакувања што се фрлаат, средства за чистење во пластични шишиња и многу други непотребни работи.
  • Резултат: Беа покажала преку нејзиниот пример дека не е тешко да се живее еко-пријателски. Стаклото и хартијата многу лесно можат да ја заменат пластиката. Нејзиното семејство фрла само 1 килограм ѓубре годишно.

7. Една година без Интернет

7 необични експерименти што им го промениле животот на луѓето

  • Експеримент: Новинарот Пол Милер живеел цела година без Интернет. Тој не користел социјални мрежи и мобилни апликации, а имејлот го заменил со обично поштенско сандаче. Со оглед на тоа што бил верен корисник на Интернетот уште на возраст од 12 години, Пол одлучил да дознае каков е животот надвор од виртуелниот свет.
  • Резултат: Тој почнал да пишува книга, изгубил 5 килограми и ја подобрил својата концентрација. По експериментот, тој го користи Интернетот многу посовесно. Сфатил дека станува збор за алатка што треба мудро да се ползува.

Погледнете ги и следниве 10 многу интересни психолошки експерименти.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар