7 историски факти што најверојатно се лажни

7 историски факти што најверојатно се лажни

Гандалф рекол: „Добрите приказни заслужуваат малку разубавување.“ Иако ова важи за измислените приказни, историјата не дозволува вакви работи. Грешните раскажувања на настаните и многубројните претпоставки понекогаш се претвораат во историски факти кои можеме да ги најдеме дури и во учебниците по историја. Погледнете 7 вакви факти кои не се баш вистинити.

1. Шекспир нема напишано ниту една страница, авторот бил друга личност

(1)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Шекспир се родил и пораснал на фарма за овци каде што не е можно да добил знаење за да напише толку детални описи за политиката и културите на другите земји. Покрај ова, не постои уникатен потпис на авторот. Повеќето од неговите дела се со различен потпис, па дури и неговото име е пишувано различно. Оваа теорија многупати е одбивана, но била поддржана од личности како Чарли Чаплин, Марк Твен и Зигмунд Фројд.

2. Марија Антоанета не им рекла на селаните да јадат торта

(2)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Еднаш, француската кралица Марија Антоанета, наводно им рекла на сиромасите: „Ако немате леб, јадете торта!“ Како и да е, Жан Жак Русо бил првиот кој ја напишал оваа фраза што веројатно била кажана од некој монах. Во тој период Марија Антоанета имала 9 години и живеела во Австрија. Друга верзија на настанот е дека таа навистина ги кажала овие зборови, но без презир – законот во тоа време им наредувал на пекарите да ги намалат цените на скапиот леб за време на криза. Можеби кралицата навистина го мислела ова.

3. Пирамидите не биле изградени од робови

(3)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Херодот е првиот кој пишувал за робовите и за изградбата на пирамидите. Сепак, древниот историчар живеел многу подоцна од нивната изградба. Во раните 1990-ти археолозите откриле гробници на луѓе кои работеле на изградбата на пирамидите. Тие биле погребани со почит и биле многу близу до фараоните. Истражувањата кои биле направени на нивните скелети укажале на тоа дека тие биле добро хранети и дека работеле во смени, па заклучокот е очигледен: Тие биле работници, а не робови.

4. Појасот за невиност е лага

(4)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Постои една стара приказна, дека кога некој човек одел во војна тој ѝ ставал метален појас на својата сопруга за да не го изневери додека е отсутен. Клучот од појасот, се разбира, го земал со себе. Како и да е, ниту една жена не би издржала повеќе од неколку денови со овој појас бидејќи би умрела од сепса. Не постои ниту еден доверлив извор од Средниот век кој кажува за постоењето на оваа направа, а појасите кои се пронајдени во ново време биле лажни.

5. Сфингата во Гиза го загубила носот пред Наполеон да пристигне во Египет

(5)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Постои верување дека за време на престојот на Наполеон во Египет (1798 – 1801) тој им наредил на своите војници да вежбаат пукање на сфингата. На овој начин бил уништен нејзиниот нос. Вистината е дека сфингата веќе била оштетена кога Наполеон пристигнал во Египет, а ова е докажано и од запис на некој патник, направен пред доаѓањето на Французите.

6. Библиотеката во Александрија била уништена многу пред познатиот оган

(6)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

Илјадници свитоци и бесценето знаење се изгубени поради нападот на Цезар врз Александрија. Или барем така вели историјата. Вистината е малку различна – кога пристигнал Цезар веќе не ни имало што да уништува. Библиотеката била сериозно оштетена уште пред неговото пристигнување од страна на религиозни фанатици. Но и ова не е главната причина. Државата постепено ги намалувала трошоците за библиотеката, школарините биле укинати, а на странските научници им било забрането да влегуваат во библиотеката. На крајот, таа едноставно била напуштена.

7. Тројанскиот коњ не постоел

(7)7-istoriski-fakti-koi-verojatno-se-lazhni-kafepauza.mk

За жал, не постојат други извори освен „Илијада“ на Хомер и „Енеида“ на Вергилиј кои можат да ни кажат за Тројанската војна. Овие дела предизвикале многубројни митови и легенди. Некои истражувачи сметаат дека немало дрвен коњ туку алат за разбивање на портите кој многу често бил именуван според животни. Други сметаат дека тројанскиот коњ бил земјотрес кој ги уништил ѕидовите на Троја. Како и да е, приказната за коњот изгледа е само приказна.

Погледнете ги и овие историски настани кои нема да ви се верува дека се случиле во ист период.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар