5 работи кои богатите никогаш не ги прават

Едно од најчестите и најтешки прашања на денешницата е како да се дојде до пари и како да се заштеди што е можно повеќе. Според резултатите од повеќе истражувања кои ги објави „Huffington Post“, тајната на богатите не лежи само во генијалните идеи кои се понекогаш извор на инстантна заработка, туку и во навиките кои тие ги спроведуваат во текот на целиот живот. Проверете кои 5 работи, богатите луѓе никогаш не ги прават.

5 работи кои богатите никогаш не ги прават

1. Не одат во пензија веднаш кога ќе ги исполнат условите

Едно истражување покажало дека оние луѓе кои најмногу заштедиле во животот, не заминале во пензија барем до 70-тата година од животот. Речиси половина од нив продолжуваат да работат, само затоа што им се работи. Тие се задржуваат на работни места кои од нив не бараат голем напор, но не престануваат да работат. Продолжувањето со работа на пониска и помалку стресна функција или на некоја од привремен рок, може да биде добар начин за заштедување пари, за деновите кога ќе решите да заминете во пензија.

2. Не се будат во шест часот наутро за да одговараат на мејлови

Сите знаат дека оние кои заработуваат многу се будат порано од останатите луѓе, но тоа време не го поминуваат на социјалните мрежи или проверувајќи мејлови, бидејќи знаат дека тоа можат да го прават во слободното време, во текот на работниот ден. Рано наутро, успешните менаџери ги подготвуваат нивните планови за претстојниот ден и размислуваат за поголемите деловни одлуки, бидејќи тоа е период од денот во кој никој не им пречи. Раното утро е строго наменето за деловните приоритети.

3. Не ги игнорираат понудите за други вработувања

Осигурувањето на најдоброто работно место не е секогаш најважната работа. Многу успешни работници попрво одбираат хиерархиски пониско работно место во некоја компанија, доколку увидат дека таму полесно и побрзо ќе напредуваат, отколку да работат на висока позиција во друга фирма. Исто така, важно е да се следи која деловна гранка има тенденција за раст, за да може да се предвиди напредокот во истата.

4. Не купуваат ако можат да изнајмат

Изнајмувањето е попопуларно од кога било, дури и меѓу богатите луѓе. Доколку не постои сигурност дека ќе се исплати на долг рок, купувањето не доаѓа предвид кај богатите и успешни луѓе. Истражувања на оваа тема откриле дека наемот на дом или на автомобил не го намалува задоволството при нивната употреба, онолку колку што се сметало порано.Петгодишното правило за ова гласи: доколку не планирате да живеете во таа куќа повеќе од 5 години, не купувајте ја.

5. Не купуваат без да проверат дали некаде се продава за поевтино

Богатите луѓе често купуваат работи преку интернет, каде што лесно можат да ги проверат конкурентните цени и веднаш да одлучат која понуда е подобра. Тие исто така не посетуваат луксузни места во толку голема мера колку што мислиме. Честопати се движат на места каде што се движи средната класа и каде што нема да потрошат премногу пари, со цел да заштедат што е можно повеќе. Купувањето преку интернет значително ја намалува веројатноста за импулсивно купување, а воедно не се ретки и апликациите кои кажуваат кога цената на одреден предмет кој ве интересира ќе падне или е на некаква акција, при што повторно ќе заштедите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар