5 навики кои ќе ве направат попаметни

Без сомнение повеќето луѓе сакаат да ја подобрат својата меморија и да бидат попаметни. Луѓето се стремат кон совршеност во секоја област од животот, па моќта на мозокот сигурно е една од нив. Постојат неколку начини на кои можете да ја подобрите активноста на вашиот мозок и притоа да станете попаметни. Погледнете ги овие 5 едноставни навики кои би требало да ги применувате секој ден.

5-efektivni-naviki-koi-kje-ve-napravat-popametni-kafepauza.mk

1. Подобрете го ритамот на телото

Не станува збор за ритамот за танцување, туку за циркадијалниот ритам. Ова е ритамот по кој вашето тело природно се буди и спие. Ако го промените времето во кое се будите и во кое заспивате, можете да ја подобрите функцијата на вашиот мозок. Наутро, кога ќе се изложите на светлина, мозокот му праќа сигнали на телото да ја зголеми телесната температура и да произведе хормони, како што е кортизол. Вашето тело треба да биде будно со сонцето, и да се одмора после зајдисонцето. Луѓето кои живеат во северните области каде што имаат 24 часа ден или 24 часа ноќ изјавиле дека нивните телесни часовници драстично се промениле бидејќи си легнувале кога се уморни, а се буделе кога не биле. Излегло дека тоа се поврзува со изгрејсонцето и зајдисонцето во другите делови од светот.

2. Додатоци во исхраната

Едно ново истражување покажало дека витаминот Д, заедно со омега 3 масните киселини се важни за синтезата и испуштањето на серотонинот, како и за функцијата на мозокот. Со други зборови, секојдневно консумирање рибино масло може да го спречи стресот, да ја подобри функцијата на мозокот и да го одржува вашето здравје. Рибиното масло се поврзува и со производството на дендрити, делови од мозокот кои се поврзани со невроните. Колку повеќе дендрити имате, толку сте попаметни.

3. Пробувајте нови работи

Ако ви било страв да пробате нешто, но сепак сте го направиле тоа, возбудата направила промена во вашиот мозок. Кога излегувате од вашата вообичаена рутина и пробувате нови работи, вашиот мозок буквално расте и се проширува за да го вклучи новото искуство. Доктор Дузел објаснува како новите искуства ни помагаат:

„Кога гледаме нешто ново, гледаме дека има потенцијал за некоја награда. Овој потенцијал нè мотивира да истражуваме за наградата. Мозокот учи дека стимулот, штом е познат, нема награда и го губи својот потенцијал. Поради ова, само целосно новите работи го активираат делот од мозокот кој го зголемува нивото на допамин.“

4. Вежбајте го вашиот мозок

Ако некогаш сте биле толку уморни што не сте можеле да мрднете, можеби треба истото да му го направите и на мозокот. Се разбира, вежбањето во теретана било тешко, но зарем не се чувствувате подобро следниот ден? Кога решавате нешто, како тешки математички проблеми, за да го „истрошите“ вашиот мозок, вие го присилувате да расте. Ако се чувствувате уморно после пишување на домашната работа по математика со вашето дете, вие сте на вистинскиот пат!

5. Дајте му одмор на мозокот

Медитацијата и вежбите за фокусирање се одлични за да го исчистите умот од непотребните мисли. Ако некогаш сте се разбудиле сред ноќ и не сте можеле да се вратите на спиење поради вашите мисли, можеби треба да почнете редовно да медитирате за да си го дозволите потребниот одмор. Ова е одличен начин да го исчистите вашиот ум од загрижувачки мисли кои ви го одвлекуваат вниманието. Околу 80% од вашите одлуки се направени потсвесно, па на вашиот мозок му е потребен простор за размислување.

Погледнете ги и овие навики кои ќе ја зголемат вашата интелигенција.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар