10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

Ако сакате да го одржите вашиот мозок во форма, истото што важи за мускулите важи и за него – треба да вежбате. Правете психички вежби по неколку минути секој ден и тоа не само што ќе го избистри вашиот ум, туку и ќе ја подобри вашата меморија и ќе ве опушти. Претворете ги следниве 10 навики во секојдневие и нивото на вашата интелигенција значително ќе се зголеми…

10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

1. Набљудувајте

Гледањето не е исто со набљудувањето. Набљудувањето подразбира анализирање на сѐ она што го гледате. Кога ќе почнете да набљудувате, ќе ги забележите сите оние работи што долго време сте ги пропуштале. Апсорбирајте го она што ве опкружува и никогаш не престанувајте да фантазирате.

2. Учете

Ако го отворите вашиот ум и никогаш не престанете со учење, вашиот мозок ќе се навикне да бара повеќе знаење и никогаш нема да го сопре тој процес. Прифатете ја секоја можност да научите нешто ново од луѓе кои имаат поголемо знаење од одредена област.

3. Слушајте

Кога ги слушате звуците што ве опкружуваат, впивате дел од светот. Нареден пат кога ќе одите на прошетка, обрнете внимание на она што го зборуваат другите луѓе за да научите како размислуваат. Оваа навика можете да ја вежбате и преку слушање нова музика.

4. Експериментирајте

Доколку не излегувате од вашата зона на удобност и никогаш не пробувате нови работи, можете да пропуштите нешто што ќе ви го промени животот и умот. Побарајте некое ново интересно хоби или запишете се на курс за да стекнете знаење од некоја област што не ви е толку позната.

5. Бидете љубопитни

Никогаш не се задоволувајте со знаењето што досега сте го стекнале. Поставувајте прашања. Не земајте сѐ здраво за готово. Истражувајте. Постепено вашето знаење ќе се зголемува и вашиот мозок ќе се навикне да бара нови и нови информации.

10 моќни навики што ќе ја зголемат вашата интелигенција

6. Разговарајте

Учете од луѓето околу вас. Споделете ја информацијата што со години сте ја чувале во мозокот со личноста која поминала низ истото. Искажете ги вашите идеи и развијте го начинот на размислување со тоа што постојано ќе учите нови работи од нови луѓе.

7. Вежбајте

Телото и умот се една целина. Ако едното од нив не е во добра форма, другото ќе ги сноси последиците. Одвојте 20 минути од денот за различни вежби кои ќе ви го избистрат умот.

8. Медитирајте

Ако почнете да го набљудувате вашиот ум и да забележувате како се однесува и што ослободува додека медитирате, ќе дознаете многу повеќе за него. На тој начин целосно ќе го откриете вашиот ум и ќе почувствувате како се опушта.

9. Анализирајте ги можностите

Обидете се да размислувате покреативно и секогаш барајте повеќе можни одговори, а не само еден што ви се чини најлогичен. Никогаш не престанувајте да истражувате нови идеи и да барате што е можно повеќе можности и решенија.

10. Играјте си со умот

Нема ништо лошо во тоа да го водите умот на необични места. Кога создавате универзум во вашата глава каде што сѐ е возможно, го вежбате мозокот. Ќе забележите позитивна промена дури и кај вашата смисла за хумор.

Овие методи ќе имаат влијание само ако ги применувате секој ден, без да го заморувате мозокот секако. Слушајте, набљудувајте и искористете го светот во кој живеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар