9 факти за Чак Норис кои не се вицови

Кога зборуваме за факти за Чак Норис, тогаш мора да се напомене дали тие факти се вистински или се од оние кои ја слават неговата семоќност. Овие што ќе ги прочитате овде се сосема реални, без разлика дали изгледаат неверојатно или не.

9 факти за Чак Норис кои не се вицови

1. Неговото име не е Чак, ниту е Чарлс. Неговото вистинско име е Карлос Реј Норис.

2. Нема изгубено борба од 1968 година. Пред тоа загубил неверојатни десет пати, но тоа е од деновите кога немал доволно искуство во боречките вештини. На крај, неговите 168 победи се поважни од тоа.

3. Измислил своја боречка вештина. По толку многу победување, морал да смисли нешто потешко што ќе му биде интересно. Таа се вика Чан Кук До и значи универзален пат.

4. Ако Чак Норис молчи, тоа не е на арно. Неговото мото е „Ако немам што добро да кажам за некого, тогаш ќе си молчам“. Имајќи ги предвид неговите способности, не е на арно ако нема што убаво да каже за човек.

5. Тој е првиот човек од западот кој освоил црн појас осми дан во теквондо. Покрај тоа, има црн појас и во џудо, бразилски џиу-џицу и танг су до.

6. Бил полицаец во воздухопловните сили на САД. Тие го пратиле во Јужна Кореја каде што тој почнал да ги совладува боречките вештини. Подоцна станал и почесен тексашки ренџер, како последица на ТВ серијата за тексашкиот ренџер Вокер.

7. Има сопствена линија на фармерки. Наречени се Action Jeans, доста се еластични и се наменети за борба.

8. Чак Норис поседува солидни литературни способности заради што се нашол на листата на најпродавани автори на Њујорк Тајмс. Ако сте заинтересирани да ги прочитате неговите дела, тие се викаат „Патриотизам со црн појас: Како да се разбуди Америка“ (Black Belt Patriotism: How to Reawaken America), автобиографската „И покрај сите пречки“ (Against All Odds), како и новелите „Јавачи на правдата“ (The Justice Riders) и „Закана за правдата“ (A Treat to Justice).

9. Неверојатно но вистинито, овој акционен херој не бил атлетски развиен во училиште, ниту бил заинтересиран за спорт.

Толку за стариот добар Чак Норис. Ако сакате да читате и за новиот, проверете ги овие неколку интересни работи за Владимир Путин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар