4 неочекувани предмети што носат негативна енергија во вашиот дом

Имате впечаток како несреќата постојано да ве следи? Можеби решението на вашите проблеми се крие токму во вашиот животен простор. Според многу верувања ширум светот, постојат предмети, како и позиции во домот, што можат да привлечат голема количина негативна енергија. Па, ако едноставно чувствувате како да не можете да се ослободите од несреќите, тогаш нема што да изгубите ако пробате да се ослободите од овие 4 предмети во вашиот дом.

1 4-neochekuvani-predmeti-shto-nosat-negativna-energija-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk

1. Огледало насочено кон креветот

Се верува дека огледалото што е поставено кон креветот може да предизвикува проблем во љубовната врска, бидејќи насочува негативни влијанија во здрав и квалитетен однос. Па, ако чувствувате дека во последно време се карате за глупости со вашиот партнер, а притоа имате огледало што ви гледа во креветот, тргнете го и видете што ќе се случи. Постојат големи шансите проблемите магично да исчезнат.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата може да има големо влијание врз видот на енергија што „влегува“ во вашиот дом, заедно со вас. Освен ако влезната врата не ви е свртена кон север, не ни помислувајте да ставите црна, бидејќи големи се шансите со секое влегување во домот да внесувате негативна енергија. Ако веќе имате црна врата, и чувствувате како постојано да ве следи несреќа, сменете ја со која било друга боја и забележете дали ќе има некакви промени.

3. Декорации со остри рабови или растенија со боцки

Кога станува збор за остри, шилести предмети, како и растенија со боцки, добро е да знаете дека тие неретко повикуваат несакана негативна енергија во вашиот дом. Ако имате таква можност, ви препорачуваме да не купувате кактуси или декорации со остри рабови, а ако веќе ги имате, тргнете ги барем на кратко за да видите дали ќе имате некаква разлика во вашиот живот.

4. Слика со бродолом

Сликите со бродолом имаат потенцијал да предизвикаат внатрешен немир што може да влијае на односите помеѓу оние што го делат домот, како и на нивното расположение. Ако имате ваква слика во вашиот дом, а чувствувате необјаснив немир во себе, тогаш ослободете се веднаш од неа и во истиот момент ќе почувствувате олеснување.

Погледнете ги и овие 5 едноставни начини да ја исфрлите негативната енергија од вашиот дом!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар