Честитајте ѝ го 8-ми март со еден од овие прекрасни цитати од големите умови

Ако немате креативна идеја за тоа што би сакале да ѝ го напишете на честитката за Денот на жената, секогаш можете да ги искористите зборовите на големите умови. Токму затоа и решивме да ги издвоиме најубавите мисли од најпопуларните уметници што може да ве инспирираат да ја напишете посветата за вашата драга дама.

chestitajte-i-go-8-mi-mart-so-eden-od-ovie-prekrasni-citati-od-golemite-umovi

„Ако можете да љубите некого, само една личност, со целото свое срце, тогаш постои спас во животот.“ – Харуки Мураками

„Тоа што е судено, секогаш ќе најде начин да се случи.“ – Пауло Коелјо

„Кога те видов, се заљубив. А ти се насмевна, затоа што знаеше.“ – Шекспир

„Попрво би поминал еден живот со тебе, отколку да се соочам со сите години на светот без тебе.“ – Толкин

„Среќа е да држите некого во прегратка, и да знаете дека со рацете го држите целиот свет.“ – Орхан Памук

„Ќе те следам до сите краеви на светот.“ – Халед Хосеини

„Да се биде жена е навистина тешка задача, особено затоа што во суштина се состои од справување со мажи.“ – Џозеф Конрад

„Како и секогаш, моќна жена стои зад секој идиот.“ – Џон Ленон

„Таа попрво ќе го негира постоењето на времето и просторот отколку да признае дека љубовта можеби и не е вечна.“ – Симон де Бовоар

„Секое срце пее песна, нецелосна, сè додека друго срце не возврати со шепот. Тие што сакаат да пеат секогаш наоѓаат песна. На допирот од љубовник, секој станува поет.“ – Платон

Прочитајте ги и овие убави мисли за љубовта и тоа што не може да се долови со зборови!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар