20 најинспиративни места во светот

20 најинспиративни места во светот

Постои верување дека светот е ризичен и опасен. Но, како што добро знаат луѓето кои патуваат, ова е далеку од вистината. Светот всушност е отворен и гостопримлив. Луѓето кои се наоѓаат на другиот крај на планетата не се странци колку што мислиме дека се. Избегајте од секојдневната реалност, и посетете некои од најинспиративните места.

1. Занзибар

(1)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Овој тропски остров во Индискиот океан е навистина романтично место. Овде можете да одите на сафари, или пак ако се чувствувате авантуристички, да отпатувате до Танзија за да го искачите највисокиот врв во Африка, Килиманџаро.

2. Полуостровот Баха, Мексико

(2)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Вториот најголем полусотров ви нуди бегство долго 1.200 километри. Каде и да се завртите, погледот е прекрасен. Пијте коктели и гледајте го залезот на сонцето. Сурфајте на брановите или пак шетајте низ кањоните гледајќи во ѕвезденото небо. Како и да го поминете времето, ќе ги откриете задоволствата кои ги нуди Баха.

3. Бамбусовата шума Арашијама, Јапонија

(3)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Шумата е полна со знаменитости, мали ресторани, продавници и мали бродови. Најдобро е да ја посетите на почетокот на април, или во ноември кога почнуваат да цутат црешовите дрвја.

4. Сосусвлеи, Намибија

(4)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Овој простор е опкружен со црвен песок и огромни површини со бела солена глина. Можете да го посетите во кој било период.

5. Карпести планини, Северна Америка

(5)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Овој планински синџир е долг 4.800 километри и 563 километри широк. Поетскиот опис за планините е „’рбетот на континентот“.

6. Мјанмар, Баган

(6)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Во овој древен град има 2.000 храмови и тој е вистинска палета од бои. Баган некогаш бил престолнина на кралството и тогаш имал повеќе од 10.000 храмови и манастири.

7. Серенгети, Танзанија, Источна Африка

(7)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Поголемиот дел од екосистемот на Серенгети се наоѓа во Источна Африка. Паркот Серенгети е дом на многу цицачи и е популарен по неговото африканско сафари.

8. Големиот насип, Ирска

(8)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Заштитен од УНЕСКО, овој насип е резултат на вулканска ерупција пред 60 милиони години. Овде можете да видите многу ретки видови растенија како и интересни формации на карпи и камења.

9. Паркот за диносауруси, Канада

(9)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Овие суштества живееле милиони години пред луѓето. Ако сте љубители на фосили, ова е вистинското место за вас. Паркот се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, 48 километри од Калгари.

10. Лакипија, Кенија, Источна Африка

(10)20-najinspiravitni-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

Овој регион претставува широко пространство полно со диви животни. Овде можете да видите носорози, слонови, лавови и леопарди кои се движат слободно.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Dreamchaser Reply

    Занзибар е група на острови коишто иако се полуавтономни, сепак се дел од државата Танзанија. Врвот Килиманџаро се наоѓа во континентална Танзанија, не на некој од занзибарските острови. Исто така и сафарито се одвива на континенталната територија на Танзанија, односно во Серенгети што подолу го имате наброено. Секако, Занзибар е егозтична дестинација што вреди да се посети, но не поради причините што погрешно сте ги навеле 🙂

Остави коментар